Илма Карахмет од Х фактор на гости кај српскиот фолкер Синан Сакиќ

Синан Сакиќ и неговата сопруга Сабина ги угостија Илма и нејзиниот татко Џенан во својот дом. Бидејќи 13 годишната финалистка изрази желба да го запознае пејачот, Синан ја покани на вечера. Со воодушевување ја пречекаа и уште при влегување ја прегрнаа и и посакаа добредојде.
Илма не можела да издржи да одолеа на клавирот на Синан, па засвирала, а тој внимателно ја слушал и и помагал давајќи и по некој совет.
Синан го прокоментирал и последниот настап на Илма, каде таа доби задача да ја пее песната од Бело Дугме “Све че то, о мила моја”.
“Пееше прекрасна песна, за дете од 13 години премногу тешка. Почувствував дека песната не и се допаѓа, затоа што тоа е многу тешка песна. Сигурен сум во неа, го изведе тоа како што треба. Секоја чест на сите, но таа за мене е нешто посебно. Останаа исто така многу добри натпреварувачи, меѓутоа ја немаат таа боја и таа сила на гласот која ја има Илма.” Рекол славниот пејач.

 
Синан продолжи да го фали девојчето од Кисељак: “Кога прв пат те видовме на телевизија, јас и мојата сопруга заплакавме. Ти си, дете, полна со харизма и душа, прекрасно владееш со гласот за 13 години. Многу е тешко да се застане пред публиката и пред врвното жири, а ништо да не те заниша. Кога ти пееш како никој нигде да нема.” А по фалбите и тој и се заблагодари што таа нему му ја исполнила желбата: ”Ми го разубави денот. Секогаш си добредојдена во нашата куќа, иако знам дека е тешко да се излезе од кампот. Ти посакувам се најдобро и да имаш сила да издржиш, а јас сум сигурен дека ќе биде така. Нема да потклекнеш ни една секунда. ”
Додека за сето време Сабина Сакиќ ја галела по косата и и се восхитувала на прекрасниот глас. Бидејќи 13 годишната финалистка изрази желба да го запознае пејачот, Синан ја покани на вечера. Со воодушевување ја пречекаа и уште при влегување ј

Пронајдете не на следниве мрежи: