Домашни експерти, професори, странски независни реномирани куќи во делот на екологијата и заштитата на животната средина, учествуваа во подготовката на Студијата за влијанието врз животната средина на компанијата „Еуромакс рисорсис“.Менаџерите на Иловица – Штука информираат дека на студијата се работело темелно и во две фази за период од две години, за кое време се испитувала моменталната состојба на теренот и сите неопходни параметри како воздухот, состојба на водата, прашината.
-Компанијата од 2013 го следи квалитетот на медиумите на животната средина почнувајќи од квалитетот на воздухот, површински и подземни води , потоа биодиверзитетот, екологија, квалитет на почвите. Од сето тоа истражување се добиени податоци за постојните услови за животната средина и тие податоци се искористени за студијата, клучните наоди на оцена на влијанието во животната средина“, истакна Драги Пелтечки, локален раководител на проектот.
Откако студијата била изработена донесени се и заклучоци, а биле организирани и две јавни дебати во тој регион на кои жителите ги добиле сите потребни информации, велат првите луѓе на компанијата. Жителите побарале и дополнителни анализи, а компанијата се обврзала дека ќе ги спроведе. Од Еуромакс информираат дека граѓаните од околните села ќе добијат поквалитетна вода за пиење.
-Дефинирани се неколку активности, во соработка со општината работиме за менување на водоводната мрежа, жителите ќе добијат пристап до чиста вода за пиење, во исто време за потребите на рудникот и филтер станицата Еуромакс соработува со водостопанство за да може да се донесе вода… Граѓаните и локалното население ќе добијат многу поквалитетна вода за пиење што ја имаат сега, во однос на квалитетот на воздухот утвдено е дека бучавата ќе биде многу минимална и ќе биде ограничена на зоната на самиот површински коп, рече Пелтечки.
Домашните експерти кои работеа на Студијата велат дека во нивното долгогодишно искуство досега немале контакт со толку детален, квалитетен и студиозен документ кои ги допира сите аспекти на можните влијанија на проектот врз животната средина и животот на населението, истовремено предвидувајќи елективни постапки за нивно намалување и грижа за унапредување на животот во подрачјето на зафатот.Менаџерите на Иловица – Штука информираат дека на студијата се работело темелно и во две фази за период од две години, за кое време се испиту