ИМ БЕВ СЕКС ИГРАЧКА НА ВОЈНИЦИТЕ: Исповест на девојче кое им избегало на Исламистите

Етнорелигиската група Јазиди трпи брутално малтретирање и убивање од страна на борците на Исламската држава (ИС). Тие киднапирале и  околу 1.000 жени и деца кои ги силувале, за на крај да ги продадат. Ова е исповест на едно четиринаесет годишно девојче.Кога Адеба Шакер стигнала во куќа во Рабија, во Ирак, откако ја киднапирале челенови на Исламската држава,  еден од нејзините киднапери примил повик. По неколку моменти, пет мажи зеле пиштоли и пушки и истрчале надвор.
Адеба, четиринаесет годишно девојче од етнорелигиската група Јазиди, слушнала како камион си оди и потоа тишина. За прв пат, таа и другите заробени девојчиња  биле сами, без киднаперите  а вратата била отворена. Борците на Исламистичката држава ја грабнале од нејзиното село  во југоисточниот дел на Синџар, кај сириската граница, и ја дале како „подарок“ на борците на првата линија од фронтот. Сакале да ја преобратат во ислам и да ја натераат да се омажи за еден од нив.
„Кога киднаперите си заминаа, се испаничив, не знаев што да правам. Видов торба полна со мобилни телефонии го побарав брат ми“, раскажува девојчето.
Нејзиниот брат Самир и рекол да оди до најблиската куќа и да побара помош  и да и да и дадат упатства како да стигне до границата каде членовите на Курдската работничка партија (КРС) се борат против милитантите на ИС. И ветил дека ќе биде безбедна со нив.
„Тоа беше ризично, бидејќи не знаев кој ми е пријател а кој непријател“, рекла Адеба.

Таа и нејзините сопатнички решиле да си ја пробаат среќата. Излегле од куќата и тропнале на вратата од соседот. Објасниле во каква ситуација се наоѓаат и добиле упатства како да стигнат до границата.
„Не можев да одам право, нозете ми се тресеа додека срцето ми чукаше  силно. Трчавме и не гледавме назад“, рекло преплашеното девојче.
По два часа „патување“ слушнале пукање. Наскоро ги виделе борците на КРС и потрчале кон нив.
„Плачев и се смеев во исто време. Бевме слободни“, се присетува Адеба.
Таа е една од ретките Јазиди кои успеале да побегнат од милитантите на ИС, кои зазеле голем дел на Сирија и Ирак во последните неколку месеци. Десетици илјади Јазиди побегнале од своите домови во Синџар и други села откако ги протерале сунитските милитанти, кои сметаат дека тие се обожаватели на ѓаволот, и ги терале да ја прифатат радикалната верзија на исламот на ИС или ќе умрат.
ИС киднапирале најмалку 73 жени и деца од селото на Адеба за да тргуваат со нив во северен Ирак Таа се сеќава дека борците ги двоеле постарите жени од групата и дека тогаш ги одвеле децата. Младите жени и девојчињата се соочиуле со страшна судбина. Некои ги силувал командирот, кој ја имал таа привилегија да им ја одземе невиноста, пред да ги даде на останатите терористи.
Откако претрпеле групно силување, ги продавале на оној кој најмногу ќе понуди. На аукцијата се продавани за само десет долари. Други, како Адеба, требало да се омажат за борци.
„Најужасниот момент се случи во текот на првата ноќ кога не грабнаа. Не доведоа во полициска станица во друг град, а сите жени викаа и плачеа. Не знаевме што ќе се случи со нас“, раскажува девојчето.
Таа живеела во мало село во 25- члено семејство. Го сакала училиштето и сакала да стане наставничка. Кога слушнале дека борците на ИС се приближуваат, побегнале во соседното село. Но, за жал терористите ги пронашле.

„Ветија дека нема да не повредат доколку се предадеме. Ги одвоија мажите од жените. Ни го зедоа сиот накит, пари, телефоните и возилата“, вели Адеба.
По два часа сите заробеници ги ставиле  во комбе и ги префрлиле на непозната локација. Девојчето вели дека на почетокот биле фини кон нив, и дека се обиделе да ги смират. Но, набрзо станале „агресивни и бесни“.
Семејството на Адеба се придружило на останатите затвореници, околу 1.000 жени и деца. Била разделена од мајка и и семејството, за да ја одведат во куќата од каде успеала да избега. Сега е на сигурно.Кога Адеба Шакер стигнала во куќа во Рабија, во Ирак, откако ја киднапирале челенови на Исламската држава,  еден од нејзините киднапери примил

Пронајдете не на следниве мрежи: