ИМ БИЛА РОБИНКА НА ЏИХАДИСТИТЕ: „Тие се не се ни однесуваат како луѓе…“

Мајка нa четри деца, 25-годишната припадничка на Јазидите открила како џихадистите кои ја затекнале секојдневно ја тепале и ја злоставувале. Била приморена да исполнува се што од неа ќе побараат.По година дена Курдите ослободиле над 30 жртви.  Два дена после нивното доаѓање во избегличкиот камп во Дохук во подрајето кое го контролираат Курдите во северен Ирак, во медиумите сведочеле за психичката и физичката тортура која заробените луѓе ја доживуваат.
– Бев заробена кај борец на ИСИС кој се вика Омер. Ме силуваше секој ден, а за да не останам бремена и да може што подолго да ме мачи морав да пијам контрацепциски пилули. Тие воопшто не се однесуваат како луѓе, не можете тоа да го замилите, раскажала 25-годишната заробеничка. Таа вели дека нејзиниот татко и нејзиниот брат од страна на џихадистите биле врзани со синџири и не знае каде се. Сепак, додава дека можеби и се веќе мртви.
Кога Омер сакал да ja продаде на некој друг го молелa да не го прави тоа и се заканувала дека ќе се самоубие, па така попуштил. Иако денеска е слободна,  далеку е од среќен живот, а траумите и последиците на злоставувањата ќе траат засекогаш.
Меѓу осолободената група била и 22 годишна девојка која останала бремена, детето и починало кога имало само седум месеци.
– Не ни дадоа да го погребаме. Бевме во страв бидејќи ни се закануваа дека ќе ни ги пресечат главите ако не ги послушаме. Бевме целосно понижени, како луѓе. Нема да го заборавиме тоа додека сме живи, рекла девојката.

По година дена Курдите ослободиле над 30 жртви.  Два дена после нивното доаѓање во избегличкиот камп во Дохук во подрајето кое го контролираат

Пронајдете не на следниве мрежи: