Им јавиле дека умрела, семејството ископало половина гроб, а потоа следел шок

Loading...

Малку кој имал можност да го види својот погреб, па така вчера можеше тоа да го сторија 95-годишната Марија Матијас од село Семељац, недалеку од Ѓаково, благодарение на бизарен сплет на околности. Таа ни крива ни должна, прогласена е за мртва, а ожалостеното семејство, веднаш по примањето на тажните вести ги почна подготовките за погребот.
Како што налагаат обичаите во ова хрватско село, прво е договорен свештеник и терминот за погреб (сабота во 15 часот), а потоа и ручек во месниот дом, неизоставната пченица и понада, а на крајот и гробното место. Цело време додека се подготвувал погребот, старицата лежела во болничка  постела во Клиничката болница во Осијек жива.
Како дошло до овој превид вчера се обидел да дознае нејзинито внук Јосип Шогориќ, чија сопруга Михаела раскажува дека бабата била сместена во еден приватен дом за старци. Во четвртокот и било лошо и е префрлена во КБЦ Осијек, каде била на опсервација, а со неа бил и Јосип. 
-В болницата му рекоа да оди дома, а бабата ќе ја сместат на некое од одделенијата. На крајот на сместија на гастролошко одделение. Истиот тој дена попладне околу 16 часот ни се јавија дека бабата починала, раскажува Михаела, која вели дека секако потоа ги почнале подготовките за погреб.
-Се беше подготвено, храна, погребна фирма за превоз на покојникот, дури и ископан половина гроб. Меѓутоа кога мојот сопруг утрото (петок) отиде во КБЦ со лична карта да ги среди документите, ми се јави и ми рече дека бабата е жива, раскажува Махаела. Станува збор за најстарата жена во Семељци, родена 1923 година.
Некролозите за смртта на баба Марија што семејството ги залепило во своето село, но и во соседните, набрзина почнале да ги кинат.
-Можете да замислите како му беше на мојот сопруг кога во болница му рекоа дека бабата е жива. Не можеше да верува па му ја отворија вратата од собата, каде бабата лежеше во кревет, со неверување раскажува Михаела.
„Пациентката М.М. (1923) е примена во Клиничко болничкиот центар Осијек на итен болнички прием на 25. јануари 2018 година во 9.17 во придружба на сопственикот на домот за стари и немоќни лица Кансек. На пациентката и е пружена потребната лекарска помош по што е хоспитализирана на Клиниката за внатешни болести.
Управата на КБЦ- Осијек нема сознанија дека било кој од нашите службеници го известил домот за стари Канисек дека нивната штитеничка починала. Увидот во евиденцијата на исписите од појдовните повици на на ден 265. јануари од КБЦ, видливо покажува дека не е упатен повик кон бројот на сопственикот на домот. Со самото тоа не можеме да ја утврдиме вистинитоста на наводите на семејството. Како лице за контакт во нашиот состав е наведе внукот на пациентката, па според протоколот на КБЦ во случај на смрт, надлежниот лекар го известува само лицето кое е наведно за контакт. Навистина ни е жал поради настаната ситуација па се надеваме дека ќе се утврдат околностите кои доведоа до овој случа“, стои во соопштението на КБЦ-Осијек.
Сопругата на Јосип, Михаела вели дека точно е дека тој оставил број во болницата, но не гледа причина поради која во случај на вистинска смрт на старицата за тоа не би бил известен и домот каде престојувала.
Инаку, бидејќи некои членови од семејството на баба Марија живеат во странство, веднаш по сознанието за нејзината „смрт“ тргнале на пат. Веста сепак ги затекна на пола пат кон Хрватска.
Во домот на стари и немоќни лица Канисек во Ернестиново велат дека некој им се јавил, без оглед на тоа што во КБЦ Осијек тврдат дека не упатиле повик до нив. Таа ни крива ни должна, прогласена е за мртва, а ожалостеното семејство, веднаш по примањето на тажните вести ги почна подготовките за погребот.

loading...
Loading...