Им кажа НЕ на филмовите за возрасни. Еве зошто!

Она со што ги храниме нашите умови, ја обликува нашата перцепција. А нашата перцепција ја обликува нашата реалност.„Сфатив дека не е само до тоа како медиумите и забавната индустрија влијаат врз човештвото како целина, туку го забележав ова во мојата свест. Мислите и верувањата во однос на родовиот идентитет и „убавина“, се стандарди кои никогаш не сум ги имал во текот на моето детство и кои биле всадени во мојот мозок откако почнав да обрнувам внимание на трендовите во училиштето и ТВ-индустријата, кои секојдневно ги пропагираат. Ако медиумите имаат толкаво влијание врз тоа како ние се согледуваме себеси и светот (иако јас не верувам дека ние сѐ уште ја имаме моќта да ги избереме или да се ослободиме од тие перцепции), се наметнува мислата дали порното влијае на тоа како ја перцепираме и искусуваме сексуалноста?
Дали порно филмовите го менуваат сексуалното искуство?
Јас лично не гледам порно, но и без тоа, помешаноста на сексуален срам и сексуалноста која е присутна во нашата култура, успеале да ја сменат мојата перцепција и искуство за сексот, во кој моментално се наоѓам во процес на „репрограмирање“. Имам разговарано со пријателите кои признаа дека порното допринесе кон тоа да не бидат целосно присутни со својот партнер кога водат љубов, бидејќи наместо да поврзат со партнерите – телото, енергијата, чувствата на партнерот; тие повеќе биле заглавени во сексуални фантазии во нивните умови. Нешто како да водите љубов со вашиот партнер додека гледате телевизија.
Јас не велам дека перверзијата, фантазиите, па дури и порното се „лоши“ – тие можат да бидат забавни. Сето тоа е игра и истражување. Сепак, јас верувам дека било кој тип на зависност води кон тоа да не можеме да бидеме во можност да се поврземе со нашето моментално искуство. Мислам дека би имале голема корист од „излегувањето“ од нашите умови, со дел да доживееме целосно уживање од она што сексот може да ни го понуди: спојување на физички, духовен и емоционален план со друго суштество. Ова не е само секси фантазија во нашите умови, туку е искуство кое го доживуваме токму во тој момент.
Проверете го овој TEDx говор во кој зборуваше Ран Гавриели, кој ги проучува половите на Универзитетот Тел Авив и кој зборува за своето искуство со зависноста од порно филмовите и ефектот за кој смета дека тие можат да влијаат врз нашите умови.„Сфатив дека не е само до тоа како медиумите и забавната индустрија влијаат врз човештвото како целина, туку го забележав ова во мојата свест

Пронајдете не на следниве мрежи: