“I’m Ramiz Merko from Macedonia“

Рамиз Мерко, новиот министер без ресор на Заев задолжен за странски инвестиции има многу богата и „импресивна“ кариера на која можат да и „позавидат“ многу луѓе, пишува Република.
Неговите почетоци се од 1998 година, со казнена евиденција со условна осуда на Основен суд Струга од 25. 02. 1998 година од 3 месеци затвор со време на условување од една година за кривично дело од член 378 став 1 од КЗ на РМ (“Фалсификување исправа”).
На 28.01.2008 година добива нова пресуда односно условна осуда на Основен суд Струга од 3 месеци затвор со време на условување од една година за кривично дело од член 377 став 3 од КЗ на РМ (“Неизвршување на судска одлука” – став 3 се однесува на неизвршување на Одлука на Уставниот суд на Република Македонија).

Новиот министер без ресор за привлекување на странски инвестиции не застанува тука. Во меѓувреме поднесени му се редица на нови кривични пријави.

Кривична пријава до ОЈО Струга од 17. 08. 2007 г. за кривично дело по член 353 став 1 од КЗ на РМ (“Злоупотреба на службена положба и овластување”);
Кривична пријава до ОЈО Струга од 16. 10. 2007 г. за кривично дело по член 353 став 3 од КЗ на РМ (“Злоупотреба на службена положба и овластување”);
Кривична пријава до ОЈО Струга од 15. 11. 2007 г. за кривично дело по член 353 став 3 од КЗ на РМ (“Злоупотреба на службена положба и овластување”);
Кривична пријава до ОЈО Струга од 08. 01. 2008 г. за кривично дело по член 353 став 3 од КЗ на РМ (“Злоупотреба на службена положба и овластување”);
Кривична пријава до ОЈО Струга од 10. 03. 2008 г. за кривично дело по член 353 став 1 од КЗ на РМ (“Злоупотреба на службена положба и овластување”);
Кривична пријава до ОЈО Струга од 16. 03. 2012 г. за кривично дело по член 225 став 1 од КЗ на РМ (“Узурпација на недвижности”);
Кривична пријава до ОЈО Струга од 13. 11. 2015 г. за кривично дело по член 353 став 1 од КЗ на РМ (“Злоупотреба на службена положба и овластување”);
Кривична пријава до ОЈО Струга од 13. 11. 2015 г. за кривично дело по член 353 став 2 од КЗ на РМ (“Злоупотреба на службена положба и овластување”);
Кривична пријава до ОЈО Струга од 01. 12. 2015 г. за кривично дело по член 353 став 2 од КЗ на РМ (“Злоупотреба на службена положба и овластување”); и
Кривична пријава до ОЈО Струга од 04. 12. 2015 г. за кривично дело по член 353 став 1 од КЗ на РМ (“Злоупотреба на службена положба и овластување”). Пет од овие десет кривични пријави се ОТФРЛЕНИ бидејќи е констатирано дека се работи за кривични дела коишто не се гонат по службена должност.

За досегашните заслуги на Рамиз Мерко има говорено и тогашниот градоначалник на Струга Зијадин Села. Според него Мерко во периодот кога го водел градот ја злоупотребил службената положба и во два наврати овозможил незаконска легализација на делови од Меѓународниот универзитет, со што го оштетил буџетот на општината за над 70.000 евра.
Како за споредба биографиите на министрите за странски инвестиции од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не можат ни оддалеку да се споредат со типови како Мерко, Самка Ибраимоски, Аднан Ќахил.
Бил Павлевски е Магистер за Компјутерски науки на Northeastern University-Boston, и исто така Магистер за Бизнис Менаџмент на Harvard University-Boston.
Моментално е вработен во американска мултинационална информатичка корпорација Hewlett-Packard Company (HP), со седиште во Пало Алто, Калифорнија. Во текот на неговата 14 годишна кариера во HP бил поставен на различни високи инженериски и менаџерски позиции во организацијата за склaдирање на информации, вмрежување и технолошки услуги за Северна Америка, Европа и Азија. Бил Павлески е активен претприемач во Harvard-MIT Entepreneurship Society и е поврзан со фонд за ризичен капитал за почетни инвестиции во Бостон а член е на Harvard Faculty club. Од 2011 до 2017 година тој е поставен за Министер за странски инвестиции на Македонија.
Веле Самак е министер од 2006 до 2017 година. Тој има дипломирано на студии по економија на Универзитетот во Чикаго (University of Chicago) во 1996 година и Магистрирал од областа на бизнис администрацијата (МБА) на Вартон школата при Универзитетот Пенсилванија (The Wharton School at the University of Pennsylvania) во 2005 година. Поранешен секретар на Здружението за македонско-американско пријателство (MAFA). Во Во Владата е дојде од Корпорацијата Мајкрософт (Microsoft) како маркетинг менеџер одговорен за Американскиот пазар за производи за деловна интелигенција (Business Intelligence) и SQL Server 2005. Најголема негова заслуга се сега најголемите гринфилд инвестиции во Македонија, како Џонсон Мети (УК), Дрекслмајер (ДЕ), Кромберг и Шуберт (ДЕ), Ван Хул (БЕ), отворајќи над 7000 нови работни места и обезбедувајќи нов извоз од над $1 милијарда годишно.
Џери Наумоф дојде во владата во 2013-та година. Своето образование на Колеџот за бизнис маркетинг и бизнис администрација при Универзитетот Ball State University, 1980 година во Индијана. Основач и претседател е на „Наумоф Груп ИНК.“ во Чикаго, Илиноис, консултантска компанија за управување со тотален ризик, која започнала со работа во 1993 година.
Наумоф Групацијата е дел од алијансата на експерти на Employee Benefits, Pension, Human Resource, Executive Wealth Management and Commercial Business Insurance. Оваа алијанса вклучува пет партнери кои менаџираат над 200 компании од различни индустрии во Соединетите Американси Држави, претставувајќи над 50 милиони долари на премии од осигурување и други 100 милиони долари од пензиски средства под управување.
Овие тројца министри од периодот 2007-2016 година  донесоа 2,4 милијарди евра инвестиции  и отворија 16 илјади работни места. Додека некој се занимаваше со вршење на криминал и ја злоупотребуваше својата службена положба некој вредно и напорно работеше за подобар живот на граѓаните на Р.Македонија.Рамиз Мерко, новиот министер без ресор на Заев задолжен за странски инвестиции има многу богата и „импресивна“ кариера на која можат да

Пронајдете не на следниве мрежи: