ИМ СЕ ЗАКАНИ СО СМРТ: Лезбејки запрепастиле познат руски политичар во авион!

Фотографии на две лезбејки кои страсно се бакнале на летот од Москва кон Санкт Петерсбург, брзо ги запалија социјалните мрежи во Русија, но и во светот!Бакнеж во вид на протест. Две Русинки страсно се бакнале во уста пред рускиот политичар и големиот противник на ЛГБТ заедницата, Виталиј Милонов.
Тие ја закачија сликата на Инстаграм, на профилот „Infinitykseniya“, како и на руската социјална мрежа „Vkontakte“.
Двете девојки намерно одбрале да се бакнат токму пред Милонов, кој е голем противник на геј популацијата во Русија.
Откако фотографиите беа објавени на социјалните мрежи, овој политичар, кој е познат по своите ставови за хомосексуалците, даде и повеќе од шокантна изјава за локалните медиму во Санкт Петерсбург.
„Тие животни ги навредија сите патници со своето однесување“, рече Милонов и додаде: „Козаците би требало да ги најдат, да ги камшикуваат и да ги запалат“.
Бакнеж во вид на протест. Две Русинки страсно се бакнале во уста пред рускиот политичар и големиот противник на ЛГБТ заедницата, Виталиј Милонов.

Пронајдете не на следниве мрежи: