Има 179 години и ниту еден здравствен проблем: „Ангелот на смртта заборави на мене!“

Махашта Мураси, којшто живее во Варанаси, на северот на Индија, успеа да го привлече вниманието на светските медиуми благодарение на неговото неверојатно тврдење!Имено, овој Индиец ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди доколку успее да докаже дека навистина има 179 години!
Да, добро прочитавте.
Мураси наводно е роден во местото Бангалор на 6. јануари 1835. година, а се шпекулира дека постојат и документи кои би го докажале ова тврдење.
Овој старец цел живот работел како чевлар, поточно до 1957. година, кога во 122. година од животот одлучил да се пензионира.

„Можеби ангелот на смртта заборави на мене“, низ смеа вели Мураси.
Тој додал дека живее толку долго што сведочел на смртта на неговите правнуци. Овој човек нема сериозни медицински проблеми, а целата приказна да биде уште побизарна, неговиот последен лекар починал во 1971. година.
Ако се испостави дека Мураси не лаже за годините, научниците можеби според неговиот начин на живеење и пример би можеле да ја откријат тајната на долговечноста.
Имено, овој Индиец ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди доколку успее да докаже дека навистина има 179 години!
Да, добро прочитавте.

Пронајдете не на следниве мрежи: