Има 21 година, а нејзината цел е да стане барбика

Таа работи како модел, а заработените пари ги троши на пластични операции. Потоа, објавува фотографии на Инстаграм и не се срами да каже дека пари добива и од спонзори.Аманда Ахола (21) од Финска е подготвена да направи буквално сè за да стане “совршена Барбика”. До сега за нејзината цел има потрошено преку 15.000 фунти, а сè уште не е ни блиску до целта. Само за нејзиниот нос потрошила 4.000 фунти, а секој месец прави ботокс и става филери на усните. 
“Не е важно колку многу имам направено, бидејќи мене никогаш нема да ми биде доволно. Сакам да изгледам што повеќе пластично. Барбиката е совршена, а јас сакам да бидам блиску до совршеноста што е можно повеќе. Ништо не може да ме усреќи повеќе од тоа ако некој ми каже дека изгледам како Барбика”, вели Аманда.
 

Бидејќи од родителите немала никаква поддршка за овие операции, таа уште кога била тинејџерка се занимавала со било каква работа за да ги финансира своите желби.

“Целиот свој живот се борам со коментарите дека мојата коса е предолга, дека носам премногу шминка, дека рано наутро изгледам како за во диско. Од 16 години ги имав испланирано овие операции, имав визија како сакам да изгледам и дека нема да се откажам додека не ја остварам желбата”, отворено зборува Аманда.
Аманда вели дека таа пронашла спонзор на Интернет, а тоа воопшто не му се допаднало на нејзиното момче Алексиј. “Спонзорот ме праша дали може да ми исполни некоја желба. Реков дека сакам поголеми гради. Ако некој сака да ми ги плати операциите, а притоа да прифати да нема секс со мене, секако дека ќе се согласам”, вели девојката.
 
Меѓутоа, поради операцијата можеше да го изгуби животот поради напад. “Не се сеќавам многу, знам дека имав чуден сон кој всушност испадна дека е вистина, а тоа беше дека јас сум во кревет, а мојата мајка и момчето плачат. Ме прашаа дали се сеќавам на нив, бидејќи претходниот ден не сум ги познавала”.
Аманда вели дека е подготвена да се сносува со последиците и дека е спремна за нова операција.

 

Аманда Ахола (21) од Финска е подготвена да направи буквално сè за да стане “совршена Барбика”. До сега за нејзината цел има потрошено преку

Пронајдете не на следниве мрежи: