Четиригодишно дете од Бангладеш личи како да има 80 години, поради ретко пореметување од кое боледува. Бејзид Хосеин од Магура има збрчкано лице, опаднати очи, брчки, болки во зглобовите, проблеми со мокрењето, а забите му се ослабени и му паѓаат.Овој необичен случај се нарекува прогерија, а се работи за предвремено стареење кое доведува до смрт.
Оваа состојба секако не е заразна. Сепак, луѓето од местото кај што живее го избегнуваат, а децата се плашат да си играат со него.
Неговата 18-годишна мајка Трипти Катун, вели дека е изненадена колку нејзиниот син е паметен, но ѝ се крши срцето поради неговиот изглед.
„Бејзид научи да оди на три години, но комплетни заби имаше веќе на три месеци. Неговиот физички развој е абнормален, но ментално е остар, со него е преубаво да се разговара, свесен е за сѐ и доста интуитивен за својата возраст. Не изгледа како останатите деца, изгледа како старец. Тој ми е прво дете и тешко ми е да го гледам таков“, вели Трипти.
Кога се родил во 2012 година, таа и нејзиниот сопруг, 22-годишниот Ловелу Хосеин, биле скршени затоа што докторите не знаеле што да прават. Но, веста се проширила низ селото и луѓето почнале да им се собираат пред куќата како би го виделе необичното дете, а за сѐ ги обвинуваат родителите затоа што Трипти и Ловелу се роднини од прво колено.
Во руралните делови на Бангладеш и на југоистокот на Азија брак помеѓу роднините не е невообичаен, а тие се венчале на 13 години. Бејзид се развивал побрзо од другите деца и неговата мајка вели дека е доста тврдоглав и нетрпелив кога сака нешто, но исто така доста комуникативен.
Луѓето со текот на времето се навикнале на остареното дете, но во училиште не оди. Родителите биле кај сите можни доктори, но ништо не помогнало.
„Тој доста добро ја разбира својата состојба, но не сака да зборува за тоа. Само ќе заплаче кога се чувствува лошо“, вели таткото.
Докторите предвидуваат дека нема да живее подолго од 15 години, но родителите сепак се грижат затоа што сметаат дека поради сиромаштијата не можат да ги добијат сите потребни третмани со кои би можел да живее подолго или барем поквалитетно.
Овој необичен случај се нарекува прогерија, а се работи за предвремено стареење кое доведува до смрт.
Оваа состојба секако не е заразна. Се