Има 86 години и сексот го наплаќа по 300 евра за 1 час!

Верувале или не, на овој свет постои една баба која активно се занимава со најстариот занает на светот, а поради тоа многу од членовите на нејзиното семејство воопшто и не сакаат да разговараат со неа.Иако има 86 години, Шила Вогел- Купе е проститутка која неделно има по десеттина клиенти, а за да биде уште пошокантно, некои од нив имаат дваесеттина години. Оваа баба е веројатно најстарата продавачка на љубов во светот.
„Јас многу го сакам сексот. Сакам да се дружам со мажите, а ми доаѓаат и доста млади момци. Се состануваме во хотел. За еден час секс плаќаат ми плаќаат по 300 евра. Имам постојани клиенти и многу ми се драги, ми носат подароци- искрено кажува оваа Британка која дури и на новинарот на ТLC му понудила да му го покаже и домашното видео кое го снимала со еден од клиентите.
На снимката се гледа како машка рака ја допира за градите… Шила се занимава со проституција веќе неколку години , а најстариот занает на светот го започнала кога се почувствувала осамено.

Сега толку многу ужива во работата што не се ни грижи што нејзиното семејство не разговара со неа. Нејзината внука Кејти се срами од својата баба и не разговара со неа уште од 2010 година иако и била најмилата баба.
Шила повремено ја посетува една од ретките ќерки која и понатаму разговара со неа, со намера да ја наговори да престане да се занимава со тоа.
За веројатно најстарата проститутка во Велика Британија се дознало по настапот на нејзината внука во Х фактор. Новинарите ја снимиле како оди во посета на клиентите.
Сепак, Шила себеси не се смета за проститутка.
„Хм, дали тоа е проституција? Вие можеби така мислите, но јас не… Не се сметам за проститутка. Повеќето од моите клиенти кажуваат дека сакаат да се почувствуваат сакано, а јас им го овозможувам тоа“- кажува Шила и додава дека добро се грижи за себе. Задоволна е со својот изглед и постојано посетува доктор.
Иако има 86 години, Шила Вогел- Купе е проститутка која неделно има по десеттина клиенти, а за да биде уште пошокантно, некои од нив имаат дваесетт

Пронајдете не на следниве мрежи: