Има 98 години и ја знае тајната за успешен брак

Оваа деведесет и осум годишна жена е мајка на две деца, а што се однесува на љубовта, романтиката и сексот се уште се држи во добра форма.
Во својата книга „Може да бидете во право (Или може да бидете во брак)“, писателот Дон Адам Шапиро ги изнесува ставовите и искуствата во бракот и врските, токму од деведесет и осум годишната Паулина која зад себе има три бракови и бројни врски и авантури.
Оваа деведесет и осум годишна жена е мајка на две деца, а што се однесува на љубовта, романтиката и сексот се уште се држи во добра форма.
„Никогаш не сум имала проблеми со мажите. Секогаш сум имала некој покрај мене. Секогаш“,  вели Паулина.
Од сите мажи кои поминале низ нејзиниот живот таа научила дека за успешна врска или брак, доволно е само едноставно да „кликнете“ и тоа е тоа.

 

“Ако тоа чувство не е обострано, подобро да се разведете и да останете сами, бидејќи останувањето во врска со некој кој не ве прави среќни е многу полошо отколку да се остане сам“
Паулина, исто така смета дека за успешен брак или врска клучот лежи во компромисот и спонтаноста меѓу двајцата партнери. Ако паровите упорно практикуваат да прават одредени активности одделени еден од друг, тогаш тоа несомнено ќе доведе до крај на врската.
„Тој сака да оди на танц, а вие не. Во ред е ако понекогаш одите на некои места одвоено. Меѓутоа, ако често одбивате да излезете со него, бидете сигурни дека лесно ќе пронајде некоја кој ќе танцува со него“, заклучува оваа деведесет и осум годишна баба.
M.M.

Пронајдете не на следниве мрежи: