Драгана Черних од сеизмолошката опсерваторија од Скопје вели дека овој земјотрес не значи дека ќе има и нов, а за Михаил Гаревски станува збор за афтершок по ланскиот земјотрес, сеедно што оттогаш се поминати девет месециСпоред Драгана Черних, земјотресот од 4,2 степени според Рихтер е нормална појава во епицентрално подрачје како скопското.
– Тоа не значи дека ќе има повторно земјотрес, иако таква веројатност не е исклучена. Сепак, простор за вознемиреност кај населението не треба да има – вели Черних за ДНЕВНИК.
Сеизмолозите од ПМФ апелираат до граѓаните да не креваат паника, при земјотрес да останат дома, да не трчаат по скали и да не влегуваат во лифт оти градбите по катастрофалниот земјотрес во 1963 година се сеизмички градени.
Епицентарот на вчерашниот земјотрес бил во близина на селото Марино, што реонски е околу делот од Скопје погоден од поплавите минатата година. Има ли последниот земјотрес врска со поплавите? Според Черних, сите истражувања досега покажале дека водата од дождовите може да навлезе до километар длабочина, што со други зборови значи дека нема влијание во поттикнување на последниот што беше регистриран на 10 километри под земјата.
Според Михаил Гаревски од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), земјотресот што вчераутро ги разбуди скопјани во 4.08 часот е последица на ланскиот земјотрес од 11 септември, кој беше со магнитуда од 5,3 степени според Рихтер. Тој додава дека земјотресите не можат ниту да се предвидат ниту да се најават, но според досегашното искуство, не би требало да се случат нови значајни потреси од истото епицентрално подрачје.
– Со оглед на тоа што утринава имавме потрес со магнитуда од 4,2 по Рихтер од истото епицентрално подрачје како ланското, кое беше со магнитуда од 5,3 степени, јасно е дека се работи за афтершок од тој земјотрес – вели Гаревски.
Тој објаснува дека кога би се работело за нов удар, магнитудата би била поголема од 5,3 степени.
– Тоа што силата на земјотресот е помала укажува дека се работи за афтершок и тоа е вообичаено и покрај тоа што се поминати 9 месеци од главниот удар. Јас лично не очекувам потреси – вели професор Гаревски.
Тој додава дека може да очекуваме уште земјотреси со мала јачина помеѓу 2 и 3 степени по Рихтер, кои не ги чувствуваме, но сосема се мали шансите да се повтори земјотресот од септември 2016 година и нагласува дека земјотресите не можат да се предвидат.
По два часа, земјотрес со иста јачина и во Грција
Земјотресот од 4,2 степени по европската макросеизмичка скала се почувствува во Скопје вчера во 4 часот и 8 минути. Епицентарот бил 15 километри источно од Скопје во областа на селата Арачиново и Марино, на длабочина од 2 километра.
Минатогодишниот земјотрес со јачина од 5,3 степени беше на 11 септември во 15.10 часот. Епицентарот тогаш беше на 6 километри источно од Скопје, на длабочина од 4 километри. На овој земјотрес му претходеше еден помал од 4,2 степени истото утро. По главниот удар, за неколку дена скопјани почувствуваа повеќе од десет афтершокови, од кои најсилен беше оној од 12 септември со јачина од 4 степени.
Два часа и 28 минути по скопскиот земјотрес, потрес со иста јачина ја погоди и Грција, и тоа во предел 187 километри северозападно од Атина.Според Драгана Черних, земјотресот од 4,2 степени според Рихтер е нормална појава во епицентрално подрачје како скопското.
– Тоа не з