Има само девет години, а отворил прифатилиште за кучиња!

Има многу луѓе што не сакаат животни. Напуштените животни се често жртви на насилство. Постојат и луѓе кои мислат дека сакаат животни. Тоа се оние кои ќе земат милениче, и откако ќе им здосади, или поради некои други причини, ги отфрлаат на улица. Но има и луѓе кои навистина ги сакаат животните. Тоа го докажуваат со своите постапки. Таков пример е ова девет годишно момче од Филипините.- Јас сум Кен и ги сакам животните. Откако знам за себе, сакам да отворам прифатилиште за напуштени животни. Татко ми ми велеше дека за тоа требаат многу пари и дека не сум доволно возрасен. Ми рече дека тоа е работа на возрасните. Правев постери за вдомување на животни и ги хранев на улици.
– Кога имав 8 години, татко ми не фотографираше како хранам кучиња и сликата заврши на интернет. Ми се јавуваа луѓе од целиот свет, и ми испраќаа пари за да си го остварам животниот сон. Татко ми многу ми помогна, но и локалните жители. Парите ги искористив и направивме мало прифатилиште.

– Направивме мало скромно прифатилиште. Ги прибравме уличните кучиња, ги нахранивме и ги излекувавме. Тие се во одлично здравје и се подготвени за вдомување.
– Сам се грижам за се во моето прифатилиште. Имам и еден волонтер. Мојот татко. Тој понекогаш ми помага.
Детето навистина има големо срце!- Јас сум Кен и ги сакам животните. Откако знам за себе, сакам да отворам прифатилиште за напуштени животни. Татко ми ми велеше дека за тоа требаат

Пронајдете не на следниве мрежи: