Ќерката на Андреа Хамет, ја прашала својата мајка дали бутините и се дебели. Таа мислела дека нејзината ќерка една од ретките кои го поставуваат ова прашање, а потоа од други мајки дознала дека и нивните ќерки размислуваат за слични работи.„Откако ја избањав, мојата 7-годишна ќерка Нел ме шокираше со своето прашање. Ме праша дали и се дебели бутините. Се заледив. Знаев дека во еден момент мојата ќерка ќе постави слично прашање, но не очекував дека ќе биде толку рано. И не очекував дека толку ќе ме растажи“, вели Андреа.
Оваа мајка се чувствувала како да згрешила во нешто додека ја одгледувала својата ќерка.
„Мислев дека мојата ќерка е единственото девојче на најзини години која се грижи, а потоа зборував со пријателка која ми кажа дека и нејзината ќерка неодамна зборувала негативно за својот изглед – не и се допаѓале „дебелите раце“ и вилицата. А друга пријателка ми рече дека нејзината ќерка не сака да носи џемпер во кој изгледа „огромно“, вели оваа мајка.
Дали е нормално мали девојчиња вака да разимислуваат?
Како што вели психологот Аманда Хилс, тоа е многу невообичаено. Девојчињата во овие години обично стануваат свесни за себе, но не се грижат за тоа како изгледа нивното тело. Тоа во оваа развојна фаза не е нормално.
„Истражував малку и открив дека поголем број од девојчињата кои се загрижени за својот изглед. Една опсежна студија открила дека изгледот е главна грижа кај третина од 10-годишните девојчиња, додека една друга студија открила дека денес дури и пет-годишни девојчиња се грижат за облеката која ја носат“, вели таа.
Аманда вели дека лоштото опкружување- најмногу училиштето, во кое девојчињата едни со други се задеваат поради килажата. Но кога Аманда ја прашала својата ќерка како и паднало на памет тоа прашање, дознала дека таа самата забележала.
„Се чувствував како лоша мајка. Дали сум јас одговорна за тоа? Многу студии откриле дека однесувањето на мајките е многу важно за девојчињата. Но јас бев добар пример. Никогаш не држев диета и вежбав умерено. Но потоа се сетив дека сум можела да допринесам за тоа. Девојчињата, дури и додека се бебиња, полесно добиваат на килажа. И некои мајки коментираа дека моето девојче е дебело дури и кога имаше 18 месеци. Затоа одлучив да поведам сметка за нејзината исхрана, но никогаш не и споменував диети. Внимавав само да внесува здрава храна“.
Кога оделе на детски забави, Андреа гледала колку јаде нејзината ќерка и незабележливо ја тргала чинијата пред да изеде се.
„Но забележав дека кон неа за разлика од нејзиниот брат се однесувам поинаку. Тој често се прејадува, што на Нел не би и го дозволила. Но тој секогаш беше слаб и активен. Сепак, тоа што го правев не беше во ред, бидејќи мојата ќерка поради тоа помислила дека е дебела“, признава мајката.
Но Андреа смета дека не е само таа виновна, туку и телевизијата која промовира слаби девојки.
„Без оглед на добрите намери на оние кои советуваат дека треба да се храниме здраво, во тоа се претерува и сосема е очекувано малите девојчиња да станат загрижени поради својот изглед“.
Аманда и одговорила на својата ќерка дека не треба да се грижи за своите бутини, дека и такава е убава и почнала да и зборува за други работи. Дитетата и исхраната не сакала да ја спомне.
„Таа вечер ја уверив дека нејзините нозе се совршени и прекрасни. Тие се добри за сите оние активности кои ги сака – за трчање, возење ролери и сл. Но јас останав вознемирена поради нејзиното прашање. Тоа дојде прерано“, вели Андреа.„Откако ја избањав, мојата 7-годишна ќерка Нел ме шокираше со своето прашање. Ме праша дали и се дебели бутините. Се заледив. Знаев дека во е



