Има сто килограми, а вежба јога и стои на глава како од шала

Дејна Фалсети (22) поминала низ многу додека конечно не станала задоволна самата со себе. Но патот не бил баш лесен.Оваа студентка, за време на студиите имала 136 килограми, и поради тоа не се чувствувала удобно во своја кожа. Сметала дека вишокот килограми се причина за нејзината тага и очај, па решила да се обиде да ослабне. Килограмите се намалиле, но таа и понатаму продолжила да биде незадоволна со самата себе иако симнала 30 килограми.
Таа сосема случајно се одлучила да почне да оди на часови по јога. На почетокот мислела дека ќе и биде тешко вежбањето поради вишокот килограми. Но, на големо изненадување, таа била доста еластична, дури и од повеќето слаби девојки.

На почетокот вежбањето било тешко, некои вежби биле тешки и напорни, но таа и покрај тоа не се откажала.
Со помош на јогата, Дејна успеала да ги премине своите граници. Со секое вежбање можела многу повеќе, а денес без проблем изведува и доста напредни вежби.
Благодарение на јогата го прифатила и засакала своето тело какво што е. Се помирила со фактот дека има вишок килограми и сега се чувствува удобно во своја кожа.
Таа е пример за тоа дека јогата може да ја вежба секој, без разлика на килограмите.
 Оваа студентка, за време на студиите имала 136 килограми, и поради тоа не се чувствувала удобно во своја кожа. Сметала дека вишокот килограми се пр

Пронајдете не на следниве мрежи: