Имал слава, моќ и углед, а сега е под истрага за силување на малолетнички

Тој имал одлична кариера и неверојатно висока репутација меѓу славните и филмскиот свет. После овие инциденти, на неговата слава му дошло крај. Швајцарската полиција потврдила дека започнала со истрага во врска со новата тужба посочена кон славниот продуцент Роман Полански. Односно Роман е под истрага поради силување.Всушност, германската глумица Рената Лангер (61) тврди дека Полански ја нападнал во неговата куќа во Швајцарија, кога таа имала само 15 години. Рената тврди дека нападот се случил во 1972 година, а со оваа тужба се зголемил и бројот на тужби упатени до славниот продуцент. Имено, тој е под истрага за уште четири случаеви за силување. Полански сега има 84 години, сопруга и две деца, па ако се надевал дека ќе има мирен пензионерски живот, тогаш се излажал. 

Сепак, Рената ќе биде приморана да ја почека власта во Швајцарија да одлучи дали обвинението е застарено и бидејќи моментално се работи на испитување на случајот. Но,тоа што сите ги интересира е: Зошто Рената чекала толку многу време откако била силувана да прозбори за овој случај? На ова прашање дала одговор во интервју за New York Times.
“Не зборував за ова бидејќи мојата мајка би умрела кога би слушнала што ми се случило. Со години се чувствував понижена, осамена и изгубена”, вели глумицата. Сега кога нејзините родители се починати, таа одлучила да излезе и да ја изнеси вистината на виделина.
Инаку, кон Полански била упатена и тужба за сексуален однос со 13 – годишната Саманта Гејмер, но побегнал од државата за да не ја одслужи казната, иако го признал делото.

Подоцна, една Американка по име Робин
го пријавила дека во 1973 година ја нападнал и сакал да ја силува. Таа имала само 16 години. Тоа не е се – британската глумица, Шарлот Луис во 2010 година го пријавила Полански за силување, која исто така имала 16 години.
 
 Всушност, германската глумица Рената Лангер (61) тврди дека Полански ја нападнал во неговата куќа во Швајцарија, кога таа имала само 15 годин

Пронајдете не на следниве мрежи: