Кели Хоган (37) имала дури 118 килограми, а за да ја намали својата телесна тежина својата исхрана ја сведе на само три намирници, и ги исфрли сите јаглехидрати.Оваа мајка од Северна Каролина успеа да изгуби дури 60 килограми, и за оваа драстична трансформација таа е благодарна на месото, сирењето и јајцата. По исфрлање на сите јаглени хидрати и конзумирање само 3 намирници, Кели успеа да дојде и да остане на стабилни 61 килограми.
Сличен режим на исхрана применила и на своите деца, стари 5 и 3 години и 8 месечно бебе. Покрај месо, сирење и јајца, они можат да јадат и овошје и зеленчук.
Колку и да уживала во своето ново тело и колку и да не и недостасуваат јаглехидрати, она понекогаш се препушта на Биг мек.
Кели својот однос со јаглехидрати го споредува со зависност од дрога, и како што вели, полесно и било целосно да ги исфрли одколку да се ограничи на одредена количина. Сега кога нема зависност од јаглехидрати, нема желба ниту за благо.
„Секогаш кога би си дозволила барем малку слатки, тоа во голема мера ќе ги влошеше работите“
Нејзините проблеми со тежината започнале уште во средно училиште, а на колеџ ја пробала скоро секоја диета и ниту една не дала долгорочни резултати.Кели во 2005 година имала 118 килограми и почнала да има здравствени проблеми. Докторите и рекле дека мора да ја смали телесната тежина за да исчезнат нејзините здравствени проблеми. Како што вели на својот блог, била преплашена кога докторот и дал леток на кој ги пишувало нејзините омилени јадења од тестенини, компири до кечап и мајонез – сите јаглехидрати.
Од другата страна на летокот ја пишувало храната која што смеела да ја конзумира и полека започнала со диетата со која за 1 година строг режим смалила скоро 50 килограми.
Не само што драстично ослабела оваа диета имала позитивно влијание на нејзиното здравје. Сите здравствени проблеми со кои што се мачела исчезнале, меѓу другото успеала и да затрудни дури одкако имала стабилен режим на исхрана.Оваа мајка од Северна Каролина успеа да изгуби дури 60 килограми, и за оваа драстична трансформација таа е благодарна на месото, сирењето и јајцата