Лаура Мичетиќ (25) од Тенеси целиот свој живот потајно внесувала поголемо количество на храна и токму така достигнала тежина од 136 килограми.Како што е висока 182 сантиметри, оваа девојка и самата вели дека нејзиното тело изгледало застрашувачки и дека после крајот на 4-годишната врска, одлучила да направи драстични промени.
И сето тоа било само предвесник на нејзината огромна трансформација којашто е навистина неверојатна…
Лаура работи како учителка во Џексон и на почетокот размислувала за операција како брзо решение, но наместо тоа, се запишала во теретана и кога успеала да ги изгуби првите неколку килограми, сфатила дека има искрена желба да ја дотера својата линија во ред – по природен пат. После две години таа изгледа навистина неверојатно, иако многумина мислат дека таа направила оперативен зафат, или пак дека употребувала пилули за слабеење за да ја постигне својата цел.
– Со мојата тежина и висина, изгледав застрашувачки. За мене пресвртна точка беше добивањето на факултетската диплома и крајот на 4-годишната врска, наведува оваа млада жена.
Убавата бринета признава дека често јадела во тајност, главно претерувајќи со слатките и грицките.
– Само ќе отидев до фрижидерот и пронаоѓав нешто што би јадела. Како зависност, но не се работеше за никакво емотивно прејадување, туку тоа просто беше нешто што го правев, признава таа.
На Лаура стравот од застанување пред полна училница со деца, и послужил како мотивација за да започне да работи на себе си и да започне да се придржува кон здрава исхрана.
– Јас работам како учителка, и моите килограми децата веднаш ги забележаа. Тоа не е така затоа што сакаат да бидат злобни, туку затоа што тие немаат проблем да бидат искрени, раскажува Лаура.
Таа потенцира дека луѓето често мислат дека правела операција бидејќи успеала да изгуби многу килограми за кратко време, но вистината е дека таа работела многу напорно. Започнала да подига тегови и да се придржува кон програма за здрава исхрана. А како би добила дополнителен поттик и мотивација, таа отворила и Инстаграм профил, иако се надевала дека никој од нејзините пријатели и познаници нема да дознае за тоа. Меѓутоа, поголемиот дел од нејзините пријатели ја поддржале во намерата да ослабе.
– Видов дека некои и ги украдоа моите фотографии за реклами за пилули за слабеење тврдејќи дека јас токму така сум ги изгубила килограмите, но тоа е лага, наведува таа.
Иако изгубила доста килограми, кожата на Лаура останала мазна, а таа смета дека сето тоа е така поради подигањето на теговите. Всушност таа тврди дека одењето во теретана било пресудно за нејзиниот успех.
– Теретаната е застрашувачко место. Јас одлучив да одам и да не ме интересира што мислат другите. Меѓутоа, кога започнав да ги губам килограмите, многу луѓе коишто тренираа со мене ми кажаа дека не верувале дека воопшто ќе успеам, открива оваа учителка.
Иако ѝ било тешко, Лаура одлучила да не гледа на себе како на жртва и да биде добра кон себе и своето тело. А сега единствена нејзина цел е да биде здрава и среќна, поради што и ја засакала теретаната и својот нов животен стил.Како што е висока 182 сантиметри, оваа девојка и самата вели дека нејзиното тело изгледало застрашувачки и дека после крајот на 4-годишната врска,