Имала 140 килограми: Решила дека е ДОСТА и свртела НОВ ЛИСТ

Алекс Хук (36), знаела да изеде дури и осум кесички чипс дневно и уште брдо нездрава храна. Стигнала до 140 килограми, но одеднаш се освестила и решила да промени некои работи.Ослабела преку 60 килограми.
„Послаба сум сега отколку кога бев во основно школо. Отсекогаш сум имала проблеми со тежината. Мојата мајка секогаш подготвуваше здрава храна, но јас тоа не го сакав. За секој роденден додека дував свеќи, си посакував да бидам послаба, но тоа никогаш не се остваруваше“, објаснува Алекс.
Нејзината најслаба страна е чипсот. Го сакала секој вкус, облик, а знаела да изеде и преку осум кесички дневно и тоа секој ден.
Пробувала неколку пати да ослабе со помош на разни диети, но никогаш не успевала. Тогаш ја сретнала сегашната фитнес инструкторка, која ја нашла со полни раце храна.

„Кога ја видов својата корпа полна со брза храна, ме фати срам. Не сакав некој да ме види со толкава количина на нездрава храна во раце. Тоа беше толку понижувачко“, додава Алекс.
Наместо брза храна, денес користи свежо овошје и зеленчук. Оди во теретана пет пати неделно, а по три години, изгледа како бомба.
„Денес имам голема самодоверба. Среќна сум што можам да работам што сакам со пријателите, да се смејам и да уживам во животот. Во мојот живот имаше многу подеми и падови. Жал ми е за старата јас. Денес сум потполно среќна“, истакнува Алекс.Ослабела преку 60 килограми.
„Послаба сум сега отколку кога бев во основно школо. Отсекогаш сум имала проблеми со тежината. Мојата ма

Пронајдете не на следниве мрежи: