Имала само 14 години кога ја силувале и сè снимиле: Снимката добила илјадници лајкови…

После трагичната судбина на Тизиана Кантоне, 31 – годишната Италијанка која си го одзема животот откако нејзиното интимно видео беше објавено на социјалните мрежи, дознаваме за уште еден сличен случај кој ја потресе Итилија. Станува збор за 14 годишната Каролина Пичио која се самоубила бидејќи дознала дека снимката со сексуалното злоставување во кое била жртва, завршила на Фејсбук.
Сега се огласи таткото на Каролина.
Еве како еден татко ја опишува несреќата која ја снајде неговата ќерка, него, а и целото семејство.
„Мојата ќерка имаше само 14 години а се уби бидејќи сексуално ја злоставуваа момчиња нешто малку постари од неа, сето тоа го снимиле и го објавиле на интернет. Се сеќавам добро на таа ноќ бидејќи отидов по неа. Утрото ми кажа дека воопшто не се сеќава што правела претходната вечер.
Мојата мала ѕвездичка не била свесна за ништо. Но, после неколку дена дозна. Се фрли од тераса откако виде 2600 „лајкови“ навреди и вулгарности што по неа исповрати анонимниот свет на мрежата. Но, би сакал да разговараме за оние кои се одговорни. И ја одземале свеста и малку се забавувале. Кој знае, можеби за нив тоа изгледало нормално.
И денес, после нивните признанија се прашувам: дали навистина биле свесни за подлостите кои ги правеле? Изразување на признание не е секогаш вистинито, и затоа инсистирам на длабоко покајание како што тоа и го кажаа на суд…

 
Судски епилог
Добија условна, наместо затворска казна. Во ред. Ако ја обработиле својата сопствена вина, би било добро тоа да го споделат со младите во училиштата. Кога би слушнал дека искрено говорат за злото што го направија би бил сигурен дека сфатиле.
Кога на ваков трагичен начин ќе ја загубиш ќерката треба да пронајдеш мотив секое утро да стануваш од кревет. Јас 3 месеци немав сила ниту да ги отворам очите. После тоа си реков дека Каролина не смее да остане само една црта во црната хроника, на која се заборава после читањето. Затоа денес живеам за сите Каролини кои не ги познавам и кои за жал во овој момент се наоѓаат од другата страна на Интернетот.
Живеам за да создадам антитело, за подобро друштво. Се залагам за закон со кој би се вовела превенција за злоставување на Интернет, што прва го потпиша поранешната учителка на Каролина по музичко, Елена Ферара. Нашиот нацрт на закон се однесува само на малолетничките. Остваривме и контакти со Фејсбук, Твитер и Гугл и многу други, за да го олесниме отстранувањето на содржини кои на малолетниците им штетат на социјалните мрежи.
Веќе се е подготвено само нема мрдање од точката бидејќи се нема доволно средства. Затоа на сите од кои можам да добијам помош им порачувам да го слушаат своето срце и ценете ги напорите на еден татко кој тоа го прави во името на својата ќерка која повеќе ја нема.
Ова го правам поради својата Каролина бидејќи тоа што се случи мора да има барем некаков оддек во иднината. Нема ден да не мислам на неа, а скоро секоја ноќ ми доаѓа на сон. Ја гледам и сега, овде, како пишува проштално писмо. Иако си отиде, засекогаш е овде. Токму поради неа станувам секое утро“, напиша на крајот таткото на Каролина во писмото што го објави Corriere della sera.Станува збор за 14 годишната Каролина Пичио која се самоубила бидејќи дознала дека снимката со сексуалното злоставување во кое била жртва, завршила

Пронајдете не на следниве мрежи: