Британката Никол Ричс (20) и нејзината пријателка се запознале со група војници. Никол имала секс со нив, а на своето момче подоцна му кажала дека била силувана. Поради лажите обвиненија осудена е на две и пол години затвор.Британката Никол Ричс (20) е осудена на две години и шест месеци затвор затоа што лажно обвинила двајца војници за силување. Таа со нив имала секс во тројка, а на своето момче му кажала дека војниците се обиделе да ја силуваат, а тој пријавил во полиција.
Инцидентот се случил во ноември 2012 година. Никол и нејзината пријателка за време на една забава запознале група војници. Задно заминале во куќата на пријателката, каде Никол во спалната соба имала секс во тројка.
Пријателката ги затекнала и ги замолила да си одат, а тие потоа ги продолжиле односите кај Никол.
Гласината за секс во тројка следниот ден стигнала со нејзиното момче Алекс Гантер. Кога се соочил со нејзе, Никол се испаничила и му рекла дека војниците ја присилиле на секс.
Гантер, со кого Никол била во врска три години, „нападот“ го пријавил во полиција, а таа во солзи на полицајците им дала детален исказ.
Нејзината мрежа на лаги предизвикала апсење на двајца недолжни војници. По испитувањето на сите вмешани, полицијата заклучила дека Никол лаже и била обвинета за попречување на правдата и давање лажен исказ.
„Вашите лажни обвиненија за силување и обид за силување можеле да имаат страшни последици“, рекол судијата.
Еден од војниците изјавил дека овој случај ќе го следи цел живот.
„Бев преплашен, не можев да верувам дека ми се случува тоа. Сето тоа ме промени како личност, станав потивок и ја изгубив самодовербата“, додал другиот војник.
Никол, која сега е во седмиот месец од бременоста со својот нов партнер, рекла дека се испаничила бидејќи се плашела од своето насилно момче.
Британката Никол Ричс (20) е осудена на две години и шест месеци затвор затоа што лажно обвинила двајца војници за силување. Таа со нив имала секс



