Имам 11 години и се продавам за пари. Моите пријателки имаат 9 и земаат повеќе бидејќи…

Хит серијата „Наркос“ повторно го насочи вниманието на градот, некогаш познат како најнасилен на светот, кој по смртта на кралот на дрогата во 1993 година набрзо стекнал нов, исто така ласкав прекар.Поради големиот пораст на „трговијата“ со сексуални услуги и „достави“ на девици , од кои некои се стари само девет години,овој колумбиски град го добил името „најголемиот бордел на светот“
градот моментално е во рацете на Ла Официне или „Канцеларијата“, една од најголемите криминални организации во историјата на земјата, која со оваа проституција се занимава и со дрога и трговија на луѓе.
Градот достигнал во средиштето на вниманието откако почна да се прикажува серијата Наркос, која го следи успехот и падот на Пабло Ескобар.

Не сакаат девојки туку девици
„Еден Колумбиец еднаш ми рече дека доколку се стави кров над Меделин дека тоа ќе биде најголемиот бордел на светот“, вели латиноамерикански новинар Галдос.
Новинарот разговарал со една од девојките кои работат на улиците на Леделин, каде проституцијата е легална, но законски секс е дозвлен со девојки над 18 години.
„Имате Кинези, Британци, Европјани… Странците доаѓаат од сите страни, секакви луѓе…“, раскажува 16- годишната Даниела, која се занимава со проституција од 11 години.
„Тие бараа малолетни лица, а потоа уште многу. Тие не сакаат девојки кои имаат 16 или 17 години. Тие сакаат девојчиња од 11, 10 и 9“.
Новинарот разговарал и со жена која вели дека банда ја предупредила дека нејзината ќерка ја воочиле како потенцијална девица на продажба.
„Рекоа дека мојата ќерка е потенцијален кандидат и дека веројатноста е голема да ја одведат. Рекоа не сега, но детето е забележано“, раскажала Марија.
 
Објаснила дека не ѝ го кажала тоа на ќерката, но постојано ја предупредува да биде внимателна, да не зема пари од странци и да вреска доколку некој се обиде да ја грабне.

 
Само бизнис
Во видеото исто така се гледаат шокантни моменти кога двајца припадници на бандата, чиј идентитет останал непознат, 10-ина минути „обработуваат“ две девојчиња од 14 години.
Видеото покажува мажи на скутер како им приоѓаат на две тинејџерки, разговараат со нив пред да им го побараат телефонскиот број.
„Доколку е можно, ќе ги тестираме… Дај им неколку бакнежи и гледај колку ќе се оддалечат“, вели еден од мажите.
„Се играме со нивната невиност, не не интересира романтика, не се работи за срцето“, вели тој.
Новинарот го посетил и затворот во кој Пол Бреилсфорд, еден Британец е осуден за секс со дете во Колумбија, служи казна од 20 години.
Уапсен е во 2011 година во хотелска соба со фотографии од сексуално злоставување на деца и обвинет е за секс со две девојчиња , на возраст од 12 и 14 години.
Браилсфорд не покажува ни малку каење и упорно тврди дека е невин бидејќи не знаел дека девојките се малолетни.
Но, Галдос разговарал со 12- годишната Наоми, која сега има 16, а нејзината мајка му кажала дека Бреилсфорд ја обработил откако ја видел на плажа и дека потоа ја злоставувал неколку месеци.
Поради големиот пораст на „трговијата“ со сексуални услуги и „достави“ на девици , од кои некои се стари само девет години,

Пронајдете не на следниве мрежи: