Имам 23 години, а изгледав како да имам 60

Во тоа време, нејзината мајка добила рак, била многу болна и ја ампутирала раката. Нејзината сестра влегла во постпородилна депресија. -Единствениот начин да се справам со тоа беше да не јадам ништо, кажа Хана. Нејзината состојба се влошувала од ден на ден.Хана Лукас (23), од Англија, која речиси умирала од анорексијата, денес е здрава, млада жена која сака да стане учител или да работи во ментална здравствена установа за да им помогне на луѓето кои се во слична ситуација во каква што е таа.
Неволјите почнаа кога имала само 15 години. Била крупна и другите ја исмејувале за тоа. Таа почнала да користи различни  диети и наскоро се разболела.
– Помина постепено. Почнав да ја губам телесната тежина, луѓето го забележаа тоа, тие ми дадоа комплименти, вели таа.
Охрабрена од позитивните реакции, таа станала опседнат со губење на нејзините килограми.

-Бев тешка 84 килограми, а на крајот имав само 25. Сфатив дека не треба да го јадам она што порано го јадев, вели Хана.
– Го намалив дневниот внес на калории од 1.500 до 200 калории. На крајот, можев да јадам само одредена храна. Ако каснев нешто друго, доживував нервен слом, истакна девојката.
Хана јадела само јаболка и јогурт. Пешачела и вежбала до изнемоштеност.
Кога виделе како изгледа, членови на нејзиното семејство ја однеле кај доктор кој рекол дека се е во ред.
Во тоа време, нејзината мајка добила рак, била многу болна и ја ампутирала раката. Нејзината сестра влегла во постпородилна депресија.
-Единствениот начин да се справам со тоа беше да не јадам ништо, кажа Хана.
Нејзината состојба се влошувала од ден на ден.
Во еден момент имала само 25 килограми. Таа била примена во клиниката за третман на нарушувања во исхраната, каде што помина неколку месеци.
-Ако се наведнев, потоа не можев да се исправам. Не можев да одам, ниту да ја кренам главата од својата перница. Ме хранеа со сонда, вели таа.
Била толку слаба, што морала на трансфузија.
Моментот на освестување го доживеала кога еден ден застанала пред огледало, кое било подарок од нејзината мајка за Божиќ.
-Гледав, гледав и сфатив дека тоа таму не сум јас. Тогаш решив дека ќе видам борба против болеста, се присетува Хана.
Од почеток учела да оди и полека почнала да јаде. Доживеала тешки болки и често помислувала да се откаже. Биле потребни шест ипол години за да ја победи болеста.

Доби остеопороза, го скрши рамото и неколку коски, но на иднината гледа позитивно.
-Не знам колку килограми имам во моментов. Се заколнав дека повеќе нема да се мерам. Изгледав како да имам повеќе од 60 години, но сега сите велат дека сум друга личност, истакнува девојката која продолжува со битката.
 Хана Лукас (23), од Англија, која речиси умирала од анорексијата, денес е здрава, млада жена која сака да стане учител или да работи во ментална зд

Пронајдете не на следниве мрежи: