Секоја девојка барем еднаш во своите тинејџерски години, размислувала за тоа кога и како ќе ја изгуби невиноста. Некои ја подаруваат невиноста туку така, а некои го чекаат “оној вистинскиот”. Но, што ако тој никогаш не се појави?
Дали живот без никакво сексуално искуство би можел да се нарече, исполнет и среќен? Ова прашање ја мачи една дама која, никогаш во животот не искусила сексуално задоволство. Таа испратила писмо до експертот за машко-женски односи Roan Peling.
Прашањето:
Не знам ни сама како стигнав во моите педесетти години од животот, а сеуште не сум имала секс. Многумина од момците ми се допаѓаа, на некои од нив и јас им се допаѓав, но ете никогаш не сум отишла подалеку од само бакнеж. Живеев многу исполнет живот, но ете сега се чувствувам некако празно, без искусена физичка страст. Дали да се откажам од надежта, дека можеби некогаш ќе ја изгубам невиноста?
Одговор:
Многу од жените се препознаваат во ова прашање, независно од годините, губењето на невиноста за многу од нив претставува огромна препрека. Голема реткост се оние девојки кои не се плашат, од она што ги чека, во таа непозната теорија. Во денешно време тотално непотребно се прави огромна разлика помеѓу сексуално искусните и неискусните, а вистина е дека би требало да помине многу време како би стекнале вестинска мудрост на тоа поле. Според моето досегашно искуство, она што е важно за самодовербата е да знаете дека вашиот партнер ве сака и почитува, а за да остварите таква блискост е неопходно време. Тоа што ве советувам, е да не се фокусирате на годините ! Многу од жените најдобриот секс го доживуваат токму во педесеттите. Јас лично пронаоѓам инспирација во моите средновечни пријателки кои во таа зрела доба се одлучуваат за некои нови искуства, независно од тоа дали се работи за искачување на Хималаите или пак за брак во подоцнежните години од животот.
Затоа, добро размисли дали навистина сакаш да имаш секс или пак, е тоа нешто што мислиш дека мораш да го направиш. Сосема е можно да остварите сјајна романса, во која сексот може и да изостане. Запамтете, дека ваша цел е меѓу партнерскиот однос, а не сексот. Ако сте отворени за нови искуства, вашиот живот ќе стане многу побогат, без разлика на тоа каков исход ќе имате на сексуален план. Дали живот без никакво сексуално искуство би можел да се нарече, исполнет и среќен? Ова прашање ја мачи една дама која, никогаш во животот не искус