Мојата приказна не е едноставна. Тешко ми е да живеам кога луѓето е сфаќаат што е тоа љубов. Сите знаеме кога ќе се вљубиме дека то а е најубавата работа која може да се случи. Тие пеперутки во стомакот кога знаеш дека е обострано.Имам 23 години и мажот во кого се вљубив има 57 години. Знам дека е голема разликата, но тој е личност покрај која се чувствувам сигурно. Тој е тип на маж кој од секогаш сум го сакала за себе. Се запознавме на една забавакаде работев како промотека, тој таму беше деловно. Не го тргавме погледот еден од друг цела вечер. Ме покани на маса со пријателите и си реков зошто да не. Испивме неколку пијалоци и така започна се.
Многу рано почав да излегувам со фраери па така имам некои искуство и знам што сакам. Имам сигурност во приоѓањето на мажите и знам да ги задоволам. Никогаш не сум ни сонувала дека мажот во кого ќе се вљубам ќе биде толку постар од мене. Значи го избрав поради особините. Не затоа што има пари и може да ми пружи сигурност или патувања.
Да, патуваме и убаво ни е, но и да нема пари повторно би била со него. Тој се уште живее со сопругата и детето, но ми кажа дека е подготвен да се одрече од нив поради мене. Веќе со месеци размислувам што да му одговорам бидејќи не знам дали сум подготвена за тој нов чекор. Јас живеам со родителите. Нив секако не им кажав ништо, за тоа знае само една моја пријателка. Имам поддршка од неа.
Ѝ раскажав се и вели доколку е љубов треба да бидам со него. Што ли би рекле само моите на тоа. Сигурно би збеснале. Не се отворени многу за вакви работи. Добро ги познавам таша што сигурно тешко би ја поднеле таа моја љубов . ги сакам многу. Постојано се слушаме и гледаме.
Наскоро одам на едно поголемо патување и мислам дека конечно ќе им кажам. Ќе продолжам да студирам и ќе завршам факултет и се надевам дека сето тоа добро ќе функционира. Сигурно не сум единствена која се нашла во таква ситуација и сигурна сум дека многу такви парови успеале во животот. Треба само да бидеме храбри и да ризикуваме доколку ја најдеме вистинската љубов.Имам 23 години и мажот во кого се вљубив има 57 години. Знам дека е голема разликата, но тој е личност покрај која се чувст