„Имам рак“, му кажала на првиот состанок, останатото е историја каква многумина само можат да сонуваат!

Лијен Барнс дознала дека има рак на дојка на 24 години, а вестите ги споделила со своето момче од Тиндер, сметајќи дека ќе побегне без разлика на се. Се случило потполно спротивното.Лијен Барнс, асистент за продажба од Шефилд, се опишала себе си како жива и весела личност пред  дијагнозата да ѝ го уништи животот  засекогаш. Таа сега ја надминала болеста и  се вселила во станот на своето момче, со кого е во врска од октомври 2014.
Еден ден почувствувала болка во градите кога тргнала да се игра со мачето. Забележала ирасток  и веднаш закажала преглед на доктор. Тој  на почетокот не бил во паника со оглед на тоа дека е млада и дека нема  историја на болести во  смејството, но таа имала чувство дека  се работи за нешто повеќе, инсистирајќи да ги направи сите потребни анализи.
Додека ги чекала резултатите, отишла на прв состанок со Том (28) кого го запознала на Тиндер и со кого се допишувала веќе неколку недели.
„Му кажав дека можеби имам рак на дојка. Тогаш тоа ми изгледаше реално, но се трудев да бидам позитивна“, рекла таа.
Само пет дена подоцна, добила вест  дека сепак има рак, а на прегледот отишла со пријателката, со оглед на тоа дека нејзините родители биле во Шпанија. Специјалистот ѝ рекол дека следува операција, хемотерапија, радиотерапија и  веројатно замрзнување на нејзините јајце клетки, во случај  радијацијата да влијае на нејзината плодност.
„Тоа звучеше ужасно, а од некоја причина не можев да престанам да мислам на својата коса. Имав долга руса коса, а помислата дека ќе ја изгубам беше застрашувачка тогаш“.

 
Лијен чекала 10 дена пред  да им каже на родителите, бидејќи не сакала да им го расипе одморот. Два дена по дијагнозата се видела повторно со  Том и му  кажала што се случува.
„Му кажав дека доколку не сака да ме види, дека тоа ќе биде потполно разбирливо, но тој не сакаже да се откаже“.

Месец дена по дијагнозата таа била оперирана, а шест  месеци  биле потребни за лечење. Кога ја изгубила косата носела перика, а истакнала дека Том  не ја третирал ни малку поинаку.
„Кога доаѓав дома, ја симнував својата перика пред него, а пред последната тура хемотерапија, отидовме на прв заеднички одмор.
Не мораше да остане покрај мене, но сепак остана. Јас сум на хормонска терапија до  2020 година, што значи дека до тогаш сум неплодна, а ние одлучивме да немаме деца во следните пет години, па така ни следува уште една рунда борба“, рекла таа.Лијен Барнс, асистент за продажба од Шефилд, се опишала себе си како жива и весела личност пред  дијагнозата да ѝ го уништи животот  засе

Пронајдете не на следниве мрежи: