Борецот за човекови права и најдобриот говорник во историјата на САД, Мартин Лутер Кинг, на денешен ден го одржа најпознатиот говор во историјата на борбата за еднаквост.Говорот траел 17 минути и во него М. Л. Кинг повика на расна еднаквост и запирање на дискриминацијата. Тој беше одржан пред околу 200.000 луѓе, на скалите од Меморијалниот парк на Линколн, за време на маршот кон Вашингтон. Настанот се случил на 28 август 1963 година.
Овој говор беше еден од клучните моменти во борбата за еднаквост која ја водел Кинг пред Афроамериканското движење за граѓанските права и има инспирирано многу луѓе да му се придружат.
Иако постоел подготвен говор, поточно повеќе верзии од истиот, зборовите кои Мартин Лутер Кинг ги има изговорено, не стигнале од хартијата, туку од срцето. За тоа можеме да ѝ се заблагодариме на афроамериканската госпел пејачка Махалија Џексон, која му довикнала на Кинг: „Мартин, кажете им за сонот!“. Тоа беше моментот кога Кинг ги изрече речениците кои долго ќе се паметат.
Дел од говорот:
„Среќен сум да се приклучам кон вас денес во она што ќе остане во историјата како најголема демонстрација за слободата во нашата историјата на нашата нација. Пред сто години, голем Американец, под чија сенка ние симболично стоиме денес, ја потпиша прокламацијата за ослободување (Абрахам Линколн). Овој важен декрет се јавува како светол зрак на надеж за милионите црнци робови, кои беа изгорени во пожарот на уништувачката неправда. Тој дојде како радоста при мугрите по долгата ноќ на заробеништвото. Но, сто години подоцна црнеците сѐ уште не се слободни. Сто години подоцна животот на црнецот е сѐ уште осакатен од синџирите на расната поделба и ланците на дискриминацијата…
…Сега е времето да излеземе од темнината и расната поделба и да стапне на светлиот пат на праведноста за сите раси. Сега е времето да излезе нашата нација од лебдечкит песок на расната неправда и да ја поставиме на цврстата карпа на братството. Сега е времето да ја претвориме правдата во реалност за сите Божји чеда. Би било фатално за нацијата да ја игнорираме итноста на тековната состојба. Ова жешко лето на правично незадоволство на црнецот нема да одмине додека не дојде заживувачка есен на слобода и еднаквост- 1963 не е крајот, туку почетокот…
…Јас имам сон дека еден ден оваа нација ќе се издигне и ќе живее според вистинското кредо на нејзиното постоење: „За нас оваа вистина е разбирлива сама по себе: дека сите луѓе се создадени еднакви. Јас имам сон дека еден ден на црвените ридови на Џорџија синовите на поранешните робови и синовите на поранешните сопственици на робови ќе бидат во можност да седнат заедно на масата на братството. Јас имам сон дека моите четири мали деца еден ден ќе живеат во земја каде што нема да им биде судено според бојата на нивната кожа, туку според нивниот карактер. Имам сон денеска.
Говорот траел 17 минути и во него М. Л. Кинг повика на расна еднаквост и запирање на дискриминацијата. Тој беше одржан пред околу 200.000 луѓе, на



