Имам сосема нормален живот. Освен што РЕДОВНО ИМАВ СЕКС СО БРАЧЕН ПАР

Блогерката Меги Токуда Хо има необично признание, а за кое вели дека и го променило животот. Ова е нејзината приказна.„Седам на креветот покрај Мири, а отспротива е Бен на фотељата. Зраците на сонцето ѕиркаат преку затемнетите завеси.
-Си го правела ли ова претходно?- ме прашува Мири.
-Не, одговарам, додека Мири и Бен разменуваат погледи.
-Можеме да ти понудиме вино, ако сакаш- ме прашува Бен, но приметувам дека и нему му е малку непријатно.
-Не, во ред е. Сепак сме возрасни, зарем не?- и тогаш сите се насмеавме на глас. Секако и понатаму ни беше непријатно на сите. Но тоа всушност беше вистина. Навистина сакав да го сторам тоа.
Тишина. Мири се доближи и ме бакна.
Недела дена претходно, се сретнав со Бен. Се видовме во едно мало кафуле кое се наоѓа во близина на мојот стан. Се запознавме преку интернет. Имаа заеднички профил на една социјална мрежа и веднаш забележав колку е убава Мири.
На првата средба Бен ми кажа дека тој и Мири всушност се сексуални терапевти и дека од време на време практикуваат секс со други луѓе.
Имав доста прашања, како и моето тогашно момче(сегашен вереник). Тој навистина сакаше да го знае секој детаљ. Тогаш сакавме да експериментираме. Не знаевме ни каде точно се наоѓеме и во каква врска всушност сакаме.
Испадна дека Адам, моето момче живее во близина на Мири и Бен, а бидејќи и јас се преселив кај него, бевме соседи со овој необичен брачен пар.
„Кога и да најдевме некоја девојка која ни одговара, таа набрзо откако ќе се запознаеше со нас, се мажеше. И потоа моравме да продолжиме со потрагата “, ми се пожали Мири.
Бен и Мири имале мали авантури само со девојки, бидејќи Мири не можела да се опушти со уште еден маж. Тоа е нивното правило.
Бен тогаш се нашали дека на Мири всушност очајнички и треба друштво за шопинг, на што неговата атрактивна сопруга одговорила дека тоа е неминовно, но и дека после добра шопинг тура мора да се наградат со секс кој доаѓал како десерт.
По првиот пат, секое следно искуство со нив ми беше уште попријатно. Кога го направив тоа за прв пат имав многу силна потреба да побарам некој, било кој за да му се пофалам. Од сите работи кои сум ги сторила во животот, ова секако е најневеројатната. И најлуда, признавам, а можеби и најдобра.

Сепак, мислам дека никогаш не би сакала да имам авантура само со Бен додека Мири не е тука. Адам вели дека сега имам поинаква енергија. Сега со него имам сосема поинаков, постабилен однос. И сексот ни е совршен.
Тоа не го знаев додека не пробав, но сега ми делува дека тројка е нешто што одамана тајно сум го посакувала.
Верувам дека повеќето жени растат во забрани. Не учат дека е срамота да имаме секс, да уживаме. Немој ова, немој она. Некако има чувство дека премногу често се преправаме дека не сме гладни.
Но гладни сме. И тоа како! Но тоа не го ни знаете додека конечно не се нахраните.
Со текот на времето го прекинав односот со нив. Беа потребни само две пораки на кои не одговорив за повеќе да не ме побараат. Веројатно тоа им се случувало и претходно.
Од друга страна, мојата врска со Адријан ескалираше во нешто прекрасно. Нашиот однос сега е подобар отколку претходно. Додека сега го поместувам вереничкиот прстен на раката, размислувам за она што ми го раскажа Мири. Како девојките често се мажат откако ќе ги запознаат нив.
Се прашувам дали постои подлабока причина за оваа постапка?
Она што сигурно го знам, е дека ова искуство на некој начин ме препороди. Научив како да управувам со своите желби, го запознав подобро своето тело и оние скриени страсти. И им благодарам за тоа. Научив како да го задоволам својот апетит. И да не се срамам од тоа.
Новото искуство ми помогна да ја зацврстам својата врска со Адам и да ја кренам на ново ниво. Иако сега имаме моногамна врска, од време на време наоѓаме некоја девојка да „дружи“ со нас.„Седам на креветот покрај Мири, а отспротива е Бен на фотељата. Зраците на сонцето ѕиркаат преку затемнетите завеси.
-Си го правела л

Пронајдете не на следниве мрежи: