Имаме ли три чисти?

Акцијата за чистење на три природни бисери во Македонија се организира на 10ти Април 2016 во 10 часот на три различни локации –Матка, Маврово и Охрид. Во акцијата освен 50-сетината странски претставници на невладини организации ќе се вклучат и локални невладини организации, волонтери, претставници на локалната самоуправа, амбасади, училишта и граѓани на РМ. На следниот линк може да го видите настанот: https://goo.gl/1kMZxz (Фејсбук настан)Заинтересираните граѓани може да дојдат на следните локации:
– На паркингот пред влезот на езеро Треска (Сарај)
– На паркингот пред ски- лифтовите (Маврово)
– Кај бензинската на Билјанини Извори (Охрид)
Акцијата е замислена во два дела:
– Еден дел каде околу 500-600 волонтери ке се вклучат во физичко отстранување на отпадот. Ке се собираат отпадоци од различни локации кои се веќе мапирани, но и градежен шут и индустриски отпад со помош на државните и локални служби кои располагаат со таква механизација.
– Едукативен дел каде ке се направи џингл во трање од 30-60 сек од познати македонски личности како Сашко Коцев, Бубо Каров, Катерина Ивановска, Кире Лазаров, Бени Шаќири и други кој ке биде испратен до сите национални и локални радио станици:
o Кој ке ги повика и сите останати граѓани да излезат и да го исчистат својот двор и околина околу зградата, куќата и слично.
o Формирање на Еко-Патрола која е форма на граѓански активизам во кој ке учествуваат сите граѓани на РМ да ги замолат оние сограѓани кои ке ги забележат дека фрлаат отпадоци на земја, да не го прават тоа.
– Дел за превенција каде ке се постават:
o знаци на различни локации кои ке ги предупредуваат граѓаните за мандатните
o Поставување на контејнери и канти за отпадоци на локации каде се потребни
o Координирање на локалните надлежни служби во превентивна едукација на казни кои следат како последица на уништувањето на животната средина. локалното население, како и изрекување на мандатни казни.
Проектот е подржан од локалните самоуправи на Маврово/Ростуше, Сарај и ЈКП Комуналец Охрид. Од компаниите поддршка има од Тинекс, Хотел Алпина Маврово, Нехар Турс. Благодарност до Сашко Коцев, Бубо Каров, Кире Лазаров, Катарина Ивановска, Бени Шаќири и СТ Продукција со продуцентот Александар Митевски.Заинтересираните граѓани може да дојдат на следните локации:
– На паркингот пред влезот на езеро Треска (Сарај)
– На паркингот пред

Пронајдете не на следниве мрежи: