Американската лесна нафта за испорака во март вчера на берзата во Њујорк поевтини за скоро половина долар по благиот раст изминатата недела и тргувањето го затвори на ниво од 33,13 долари за барел, што е за половина долар повеќе во однос на минатиот понедленик.И северноморската нафта од типот „брент“ која се увезува во Македонија поевтини за 53 центи и тргувањето го заврши на ниво од 35,46 центи што е за скоро три долари повеќе во однос на минатата недела
Благото поевтинување, како што јавува Франс Прес се должи на зајакнувањето на доларот.
За Македонија и актуелните цени од последните берзански извештаи се речи си еднакви со оние врз основа на кои Регулаторната комисија ги одреди малопродажните цени во понеделникот. Тогаш регулаторот пресмета дека средната цена на суровата нафта од типот „брент“ на берзата во Лондон изнесувала 35,3 долари за барел а средниот курс на денарот во однос на доларот бил 56,38 денари за долар.
До следната корекција на цените која е закажана за 8 февруари има една недела, но денешниот курс на доларот во однос на денарот бележи тренд на раст, па еден долар чини 56,68 денари.
Ако се задржи овој тренд, имајќи го предвид малиот простор за маневар на Регулаторот, но и најавите за благ раст на цените на светските берзи, во февруари можеме да очекуваме задржување на актуелните цени или поради евентуални значителни промени на курсот на долар движење на цената меѓу половина и еден дена и тоа во двата правци.
Она што е за очекување е благо зголемување на малопродажните цени, кое можеби нема да се случи на почетокот, туку на крајот на месецов, поточно на 22 февруари за кога е закажана последната корекција на цените во февруари.
Во моментов малопродажните цени на бензините во Македонија се на рекордно ниско ниво. Во архивата на Регулаторната комисија во која најстариот извештај датира од март 2006 година не можете да најдете одлука со пониски цени.
Сега, на бензинските пумпи низ Македонија ЕУРОСУПЕР БС 95 се точи за 57,5 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 за 59,5 денари а литар ЕУРОДИЗЕЛ чини 39 денари.
Ако се има предвид дека повеќе месеци сведочевме на пад на цените на горивата, вестите кои што доаѓаат од светските берзи и не се така поволни, особено за возачите кои сакаат константно поевтинување на горивата. Но светла точка во сето ова е фактот дека би било добро, цените барем да се задржат на ова ниво што ќе отвори простор за поевтинување и на останатите продукти во чие производство нафтата е значаен инпут факторИ северноморската нафта од типот „брент“ која се увезува во Македонија поевтини за 53 центи и тргувањето го заврши на ниво од 35,46 цен