Имаме по 70.000 можности на ден да го подобриме животот

Често пати се прашуваме како да ги подобриме своите животи, а не сфаќаме дека силата е во нашите мисли.Пред да бараме секакви сложени начини да си го подобриме животот, добро е да знаеме дека нашите сопствени мисли ни ја даваат оваа можност и тоа по околу 70.000 пати на ден.
Просечен човек има околу 70.000 мисли на ден. Овие мисли се моќна сила, со која буквално може да го промениме својот живот. Добрата вест е дека постои избор и можност.
Секој од нас има право да ги користи мислите за да создава своја реалност. И добрата вест е дека не треба да одделите многу време за да ги насочите своите мисли во вистинската насока – онаа во која животот е таков каков што сакате да биде. 
Повеќето луѓе ја потценуваат моќта на мислите, но голем број на филозофи низ вековите знаеле дека „мислите се нешта“ и нешта над кои мислите имаат неверојатно влијание врз нашите животи – она што го добиваме или не го добиваме. 
Колку повеќе енергија вложуваме во мислите, толку помоќни стануваат тие и привлекуваат луѓе, околности и настани кои ги исполнуваат нашите фреквенции. Мислите го привлекуваат она што е во „вибрации и хармонија“, односно она што одговара на фреквенцијата на нашите мисли. Оваа фреквенција се определува од мислите и верувањата кои доминираат во потсвеста. Затоа е важно канализирањето на енергијата на мислите кон она што го сакате.
Можете да ја неутрализирате моќта на негативните мисли, така што ќе ги замените со нивниот позитивен еквивалент. Тренирајте го вашиот ум, за да управувате и да ги избегнувате негативните мисли. Ако овие негативни мисли навлезат во вашиот ум, веднаш заменете ги со мисли за богатство, здравје и среќни односи. Умот ќе ги конвертира вашите мисли во моќни ментални слики, кои на крајот се манифестираат во вашиот живот. 
Колку почесто правите свесен напор да ги трансформирате Вашите мисли, толку побрзо ќе го подобрите својот живот. Но, постои еден услов што треба да се исполни по секоја цена – навистина да знаете што сакате!
НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Потсвеста ги диктира нашите животи Пред да бараме секакви сложени начини да си го подобриме животот, добро е да знаеме дека нашите сопствени мисли ни ја даваат оваа можност и тоа по

Пронајдете не на следниве мрежи: