Имаме проблем со ниската откупна цена на лубеницата

Директорот на Инспекторатот за земјоделство Цветан Трипуновски за време на посетата на откупните пунктови за бостан во струмичкиот регион изјави дека има проблем со откупната цена на лубеницата, која денеска изнесува 3 денари по килограм. Според него, ваквата цена, на самиот почеток на откупот не ги покрива трошоците. Во разговор со земјоделците констатиравме дека практично имаме проблем со откупната цена на лубеницата. Денес објавената е 3 денари по килограм, што не е доволна за покривање на основните трошоци за производство по единица површина. Земјоделците бараат дополнителни мерки за да се покријат трошоците, рече Трипуновски.
Тој додаде дека и откупните компании не можеле да обезбедат пласман за производството.
– Земјоделците добиваат одговор дека откупните компании не може да им обезбедат пласман на лубениците, па најголем дел од лубениците не се ни бере деновиве, а кога ќе е најголема мора да се продаде, вели Трипуновски.
Според него, минатата година откупот на лубеницата завршил со 6 денари по килограм, што како што смета, е минимална цена за да се покријат трошоците на земјоделците.
– Се надеваме дека Министерството ќе понуди сет мерки, дали преку обезбедување нови пазари за пласман, или други мерки за земјоделството да го продадат родот за да имаат финансиска корист и да ги задоволат трошоците за живот за нив и за семејствата, рече Трипуновски.
Од Инспекторатот велат дека ќе продолжат со теренска активност за да следат како се одвива откупот, по која цена и дали има неправилности во овој домен. Во разговор со земјоделците констатиравме дека практично имаме проблем со откупната цена на лубеницата. Денес објавената е 3 денари по килогр

Пронајдете не на следниве мрежи: