Имаме среќа што масовниот убиец од Лас Вегас бил бел богат христијанин!

Доколку Стивен Педок бил муслиман…Да речел “Алаху Акбар” пред да почне да пука во луѓето во Лас Вегас…Да беше член на ИСИС…Да имавме фотографија од него како позира со Куранот во една и полуавтоматска пушка во другата рака…Вака почнува текстот во New York Times за масакрот во Лас Вегас, кој зборува за тоа што би се случило доколку убиецот не бил богат бел христијанин. 
И навистина, разликата во бојата на кожата и националноста на извршителот од корен ги менува реакциите и последиците од неговите ужасни дела. 

Доколку убиецот бил муслиман, Американците ќе знаеа што да прават. Би закажале моментално сослушување во Конгресот за најголемиот терористички акт по 11. септември. Тогаш Доналд Трамп ќе твитнеше “Ви реков”, како што прави кога некој терористички напад ќе се случи во Европа. Потоа би започнала итна кампања за донесување на нови закони, кои би спречиле таквите масакри да се повторат. И на крајот, лидерите во Вашингтон би ги разгледувале опциите против земјата на потекло на терористит, па и влегување во Трата во светска војна. 
“Но, што се случува кога убиецот е еден од нас?”, се прашува авторот на текстот, колумнистот Томас Фридман. 
Што се случува кога убиецот е само еден пореметен Американец вооружен до заби со воени пушки кои може да ги купи легално благодарение на лудачките американски закони за оружје? 
Одговорот е јасен: Ништо! 
Претседателот и републиканците со сите сили работи на тоа да не се случи апсолутно ништо. Потоа инсистираат – за разлика од ситуацијата кога би станувало збор за ИСИС – несреќниот случај не треба да се политизира, да не се прозиваат сите, посебно не тие, да се погледнат во огледало и повторно да размислат за воведување на Закон за оружје кој не би се косел со здравиот разум. 
Америка би го превртела целиот свет наопаку да го пронајде и ликвидира последниот борец на ИСИС во Сирија – праќаат бомбардери B-52, ловци F-15s, F-22s, F-35s, крстаречки проектили и U-2 летала…Бараат од своите мажи и жени да направат ултимативна жртва и да го убијат или заробат секој терорист. А колку Американци ИСИС убил на Блискиот исток? Околу 20? Педок убил речиси 60, и ранил вкупно 600. Па сепак, Доналд Трамп не престанува да зборува дека, кога станува збор за ИСИС, поразот не е опција, а милоста не е на маса. Колку е опасен покажува и фактот што за Шеф на Пентагон поставил човек со прекар “Бесно куче”. 
Но, кога ќе дојде време да се спротивстави на NRA – National Rifle Association, која се противи на воведување на разумни закони за контрола на оружјето, тогаш победата не е опција, промените на законот не се маса, а претседателот и неговите луѓе не се бесни кучиња, туку мали мачиња. 
А како такви нема да поднесат ни најмала жртва, која би можела во ризик да ја доведе нивната комфорна фотелја во Конгресот, за да придонесат Американците како Педок малку потешко да можат да купат тони оружје. Се претпоставува дека делувал како обичен ловец на елени, а не како луд човек кој се подготвува за масакар. 
Кога станува збор за ИСИС – удри, кога станува збор за NRA – не мрдај со прст. Дури ни ако поради тоа гинат стотина невини луѓе, републиканци се рануваат на бејзбол натпревар, никогаш не е добро време да се зборува за Законот за оружје. 
Слично е и со климатските промени, за што сведочи реакцијата на шефот на EPA – Enviromentan Protection Agency, Скот Пруит, кој по катастрофалните последици од Ураганот Харви и ураганот Ирма рекол дека “не треба да се зборува за причините за тие урагани, туку како да им се помогне на луѓето”. Како и кај оружјето, зборувањето за причините е забрането. 

“Правите се да го урнете ИСИС на крајот на светот, а седите со скрстени раце на насилството во вашиот двор, тоа е комплетно лудило. Ситуацијата се води од пари и алчност, кои доаѓаат од произведувачите на оружје и нафтените магнати. Парите ги купуваат сите законодавци, кои затоа седат мирни”, пишува Times. 
Што да се прави по тоа прашање? 
Треба да се заборави на обидите за убедување на законодавците. Не се тие збунети или дезинформирани. Тие се или купени или заплашени, бидејќи ниеден чесен Американец не би дозволил да се случуваат Лас Вегас и Порторико, а како решение да не понуди ништо! 
Затоа, постои само една цел: Да се стекне моќ. Да се вклучиме во политиката или да се доближиме до некој што навистина има храброст и сила да ги урне корумпираните американски законодавци. Бидејќи, тука станува збор за сирова моќ, а не за убедување. Вака почнува текстот во New York Times за масакрот во Лас Вегас, кој зборува за тоа што би се случило доколку убиецот не бил богат бел хр

Пронајдете не на следниве мрежи: