Имаш ли момче: Кога ќе се мажиш: Еве како оваа девојка им одговорила на иритантините прашања на роднините

Аријана Сајмон(17)  од Рокленд во Њујорк се досетила  како да одговори на сите иритантни прашања на роднините таа што на сите  им поделила памфлет со претходно  подготвени одговори. На три страници таа на духовит начин ги откачила сите.Многумина не ги сакаат празниците токму поради  ситните прашања кои роднините им ги поставуваат, но една досетлива тинејџерка нашла интересен начин да ги избегне. Таа направила памфлет со претходно смислени одговори и на Денот на благодарноста им поделила копија на роднините.

Во памфлетот, помеѓу останатото пишува „доколку  се воздржите  од поставување на овие прашања за кои љубезно ви подготвив одговори, ќе имаме убав и пријатен Ден на благодарноста. Благодарам“.

Одговорите на Аријана:
Колеџ:
Не сум одлучила каде сакам да одам на колеџ. Би било идеално да се запишам на Универзитетот во Конетикет. Но, за жал нивниот просек  е малку  над мојот просек. Доколку не успеам, можеби ќе одам на државниот колеџ на Рокленд.
Дечко:
Не, сега немам дечко, дури и доколку мама ви кажала дека имам.
Години:
Наполнив 17 во октомври… Да, знам дека времето лета. Исто така, добив и на висина, бидејќи тоа се случува кога растете.
Роднини:
Можеби си ми роднина по трето колено, но јас не се сеќавам на тебе.

„Зборував со мајка ми колку ми здодеа  за секој празник да одговарам на истите пет прашања па таа ми предложи да ги напишам одговорите. А потоа се изненади кога навистина го направив тоа“, вели Аријана.
„Кога им ги поделив памфлетите, сите се насмеаа и го прифатија тоа како шала. Се изнанадив како испаднаа работите, бидејќи немав што да зборувам  со некои од нив. На крајот сите зборуваа за мојот памфлет“.Многумина не ги сакаат празниците токму поради  ситните прашања кои роднините им ги поставуваат, но една досетлива тинејџерка нашла интересен

Пронајдете не на следниве мрежи: