ИМАТЕ ГЛАВОБОЛКА: Дознајте што ја ПРЕДИЗВИКУВА!

Главоболката станува дел од вашето секојдневие, сигурно се обидувате да дознаете што ја предизвикува.  Ова се некоиод  главните предизвикувачи на главоболка, за кои сигурно нема да се сетите.
Силна миризба
 Силната миризба може да предизвика мигрена кај многу луѓе, без разлика дали таа е пријатна или не. Тоа најверојатно се случува, поради тоа што миризбата го стимулира нервниот систем.
Пушење
 Сите знаеме дека пушењето е добро познат предизвикувач на главоболка. Тоа важи не само за лицето кое ја држи цигарата, туку и за сите околу него. Дури и да не сте пушач, треба да внимавате да сте заштитени од пасивно пушење. Така ќе ја намалите веројатноста за појава на непријатна главоболка, која најчесто е на едната страна на главата.
Топло време
Истражувањата покажуваат дека за секое покачување на температурата со 12.7°C, ризикот за појава на главоболка се зголемува со 7.5%.
Кога се покачуваат температурите, се зголемува и ризикот од развивање на мигрена и други силни главоболки.
Сирење
Бело, биено, фета, моцарела, пармезан, сите сирења содржат состојка наречена тирамин, која е главниот виновник за главоболките. Тираминот се создава при распаѓање на одреден тип на протеини, па колку е постаро сирењето, толку повеќе содржи тирамин.
 
Нередовна исхрана
 Главоболките предизвикани од глад, не се секогаш очигледни. Ако прескокнете некој оброк, може да почувствувате главоболка, уште пред да сфатите дека сте гладни. Причината за тоа најчесто е ниското ниво на шеќерот во крвта. Па не се обидувајте да го задоволите гладот со чоколадо. Слаткото може краткотрајно да предизвика покачување на шеќерот во крвта но после тоа уште поголем пад на нивото на шеќер во крвта.
Кофеин
За оние кои страдаат од главоболки, кофениот е една од оние супстанци кои или се консумираат премногу, или сосема се отфрлаат. Во умерени количини, кофеинот често се покажува како корисен, всушност се содржи и во медикаменти против главоболка. Но, претерувањето води до спротивниот ефект. Доколку се сметате за зависни од кофеин, не е препорачливо да престанете нагло со негово внесување. Откажувањето од кофеин е уште еден причинител на главоболка.

 

Црвено вино
Тираминот во црвеното вино може да предизвика главоболка.
Црвеното вино, како и многу видови сирења и алкохолни ликери, содржи тирамин, кој е предизвикувач на главоболка. За да откриете која храна или алкохолен пијалок кај васе предизвикувач на главоболката, потребно е да си водите дневник со тоа што сте консумирале оној ден, кога сте имале главоболка
Аксесоари за коса
 Начинот на кој што ја носите косата, може да биде причина за појавата на главоболка. Ако косата ви е фатена стегната во реп континуирано, скалпот се затегнува и тоа може да доведе до главоболка. Понекогаш шнолите и венчињата за коса може премногу да притискаат врз скалпот и со тоа да предизвикува непријатна болка. Ако тоа е причината за вашата главоболка, носете ја слободно пуштената коса тоа веднаш ќе ви донесе чувство на олеснување и ќе ви ја сопре главоболката.
Сувомеснати производиДоколку сте склони на главоболки, мезето од сувомеснати производи прецртајте го два пати од листата на вашите оброци, бидејќи не само што припаѓа на листата на продукти со тирамин, туку и додатно содржи нитрати. Овие адитиви кај некои луѓе делуваат така што го зголемуваат крвотокот до мозокот. Тоа резултира со болка која се чувствува симетрично од двете страни на главата (за разлика од класичната мигрена која се јавува исклучиво на едната страна).
Лоша положба на телото
 Криви рамена, користење на стол без потпора, работа пред монитор кој е поставен премногу ниско или премногу високо, држењето на слушалката од телефонот помеѓу раменото и увото, се само дел од положбите кои многу често ги користат  луѓето, а предизвикуваат главоболки. Ако често имате проблем со главоболката, посветете внимание на положбата на вашето тело.Ова се некоиод  главните предизвикувачи на главоболка, за кои сигурно нема да се сетите.
Силна миризба
 

Пронајдете не на следниве мрежи: