Имате голем апетит?! Еве зошто!

Честопати се случува да консумираме повеќе храна од потребното, а и самите да не сме свесни зошто го правиме тоа. Во прилог следат неколку изненадувачки причини кои ни го зголемуваат апетитот.
Успехот го зголемува апетитот
Доколку неодамна на работното место сте доживеале некој успех или сте биле пофалени, постојат големи шанси да посегнете по брза храна. Од друга страна пак кога сте во исчекување на некоја нова задача попрво ќе посегнете по овошје отколку по благо. Кога личноста е среќна и исполнета поради она што го постигнала лесно се предава на искушението, но кога е во исчекување на нешто помалку мисли на нездравата храна.
Внимавајте од какви чаши пиетеПонекогаш се случува да помислите дека многу брзо сте ја испиле чашата од вашиот омилен пијалак. Студијата неодамна објавена во еден научен магазин покажува дека луѓето имаат навика да го испијат пијалакот 60 отсто побрзо кога е сервиран во заоблена наместо во рамна чаша. Кога чашата е заоблена тешко е да се одреди колку течност има во неа, па затоа пиеме побрзо.
Сладоледот служете го во бел порцеланКога јадете сладолед ставете го во порцелански чинии бидејќи на тој начин ќе мислите дека јадете многу повеќе од што реално имате во садот. Калориите можете уште повеќе да ги намалите кога ќе направите контраст помеѓу бојата на храната и садот во кој што ја служите. Според стручњаците храната чија боја се согласува со бојата на садот во кој јадете создава илузија на помала порција. 
Здравата храна држете ја во проѕирни садовиХраната повеќе нè привлекува кога ни се наоѓа пред очи. Докажано е дека луѓето повеќе јадат бонбони кога истите стојат во проѕирни садови, отколку кога се во сад во кој помалку се гледаат. Истражувањата покажуваат дека поголеми се шансите да посегнеме по нездрава храна која ни е пред очи, отколку по здравата која ни е далеку од видокругот.
Не за вештачките засладувачи
Кога пиете пијалаци кои имаат нула шеќер внесувате помалку калории, но нутриционистите предупредуваат дека тоа е меч со две острици. Според една теорија некои од хемикалиите кои се користат за добивање на слаткиот вкус без калории ја попречуваат меѓусебната врска која што постои меѓу мозокот, желудникот, нервите и хормоните. Токму поради тоа може да развиете уште поголема потреба за благо. Вештачките засладувачи влијаат и врз чувството за ситост. Затоа не е добро постојано да пиете пијалаци кои не содржат шеќер.Честопати се случува да консумираме повеќе храна од потребното, а и самите да не сме свесни зошто го правиме тоа

Пронајдете не на следниве мрежи: