Имате испукани усни?Овој домашен пилинг ќе ви помогне!

Со доаѓањето на студеното време треба да водиме сметка за усните. Студениот воздух многу ги суши и тогаш тие пукаат. Доколку сакате веднаш во старт тоа да го спречите ви претставуваме домашни рецепти кои сигурно ќе ви помогнат.Бадеми – Потребна ви е лажица павлака, лажица вел шеќер, лажица мелени бадеми и лажица маслиново масло. Сите состојки измешајте ги, нанесете го пилингот на усните и нежно истријте ја кожата на усните со кружни движења. Потоа усните исплакнете ги со топла па потоа со ладна вода и на крајот само исушете ги.
Лимон – Како природно средство за одстранување на мртви ќелии се одлични цитрусите. Во сад ставете лажица сок од лимон и лажица рицинусово масло со глицерин. Мешавината треба да ја нанесете на усните и да оставите да се исуши преку ноќта, па наутро само треба да ги измиете усните.
Кафе – Во сад ставете половина лажица крем или лосион, четвртина лажица свежо мелено кафе и четвртина лажица сол. Со смесата измасирајте ги усните, оставете малку да одстои и потоа измијте се со млака вода.
Мед – Медот ја чисти кожата и делува антибактериски. Ставете во сад лажица мед, кафен или бел шеќер и неколку капки вода па со смесата измасирајте ги усните. По тоа измијте ги со млака вода и нахранете ги со хидратантна крема.Бадеми – Потребна ви е лажица павлака, лажица вел шеќер, лажица мелени бадеми и лажица маслиново масло. Сите состојки и

Пронајдете не на следниве мрежи: