Телото испраќа пораки, послушајте ги. Недостатокот на витамини може да доведе до сериозен пад на имунитетот.Кога нешто му недостасува, телото неретко се обидува да прати знаци за тие недостатоци. Важно е да се забележат на време и да знаете како да си помогнете пред да биде доцна и да се разболите.
Недостатокот на витамини во телото најчесто се одразува во неколку симптоми кои лесно можеме да ги препознаеме доколку обратиме внимание. Покрај најчестите симптоми донесуваме и начини како да пристапите.
1. Пукнатини на рабовите на усните
Имате недостаток од железо, цинк и витамини од групата В.
Решение: јадете повеќе пилешко и мисиркино месо, туна, јајца, блитва, кикирики и мешункаст зеленчук.
2. Црвена иритрација на лицето која се лишаи или опаѓање на косата
Ви недостига биотин
Решение: Јадете тврдо варени јајца, лосос, авокадо, печурки, соја, јаткасти плодови, банани.
3. Црвени или бели израстоци кои личат на акни (на образите, рацете)
Ви недостигаат есенцијални масни киселини и витамини А и D.
Решение: Зголемете го внесот на здрави масти, јадете повеќе јаткасти плодови и семе од лен. Важно е да внесувате и лиснат зеленчук, но и пиперка и морков за витамин А. Зголемете го внесот на млечни производи.
4. Трнење на рацете, стапала и други делови на телото или пецкање
Ви недостигаат витамини В, фолна киселина, В6 и В12.
Решение: Јадете спанаќ, цвекло, сите видови на грав, јајца.
5. Грчеви во мускулите, остра болка.
Ви недостигаат магнезиум, калциум и калиум.
Решение: Јадете банани, бадеми, лешници, цреши, јаболки. Кога нешто му недостасува, телото неретко се обидува да прати знаци за тие недостатоци. Важно е да се забележат на време и да знаете како да си пом



