Имате менструален циклус за време на вашето летување? Без грижи…

Менструацијата знае да биде многу непријатна кога ќе дојде време за летување. Иако не можеме да ја спречиме, сепак има некои работи кои можеме да ги направиме за одморот да помине во најдобар ред и без нервози!Освен нервозата и болните грчеви, одморот може да ви го попречат и секојдневните грижи кои ви поминуваат низ глава.
Дали е препорачливо да се бањате во тој период?
Пливањето не е никаков проблем, ако морето е пријатно и ако се почитуваат одредени правила. Температурата на водата не смее да биде студена, а за време на бањањето важно е да се грижите за хигиената.
Како да користите тампони?
Пред влегување во вода ставете чист тампон, а штом излезете на суво, повторно променете го. Задолжително пресоблечете го мокриот костим за капење и грижете за чистотата на рацете.
Сончање
Сончањето само по себе нема никакво штетно влијание на циклусот, но сепак би требало да бидете внимателни заради здравјето на кожата. Заштитните фактори се задолжителни, исто како и шеширите. Со почитување на правилото да не се изложувате на сонце од 11 до 16 часот, шансите за несакани појави се сведуваат на минимум.

Што ако менструацијата задоцни?
Често пати промената на дневната рутина може да влијае на траењето на менструалниот циклус. Исто така, стресот, патот и промената на климата може да доведе до порано доаѓање на менструацијата или пак нејзино прескокнување.

Како да ги ублажите симптомите на ПМС?
Изложувањето на дневно светло и пријатно сонце може да ги ублажи симптомите, исто како и исфрлањето на кофеинот, газираните пијалаци и чоколадото од исхраната. Доколку поминувате низ оваа фаза за време на одморот, воздржете се и од млечните производи кои можете да ги замените со оризови или соини производи.Освен нервозата и болните грчеви, одморот може да ви го попречат и секојдневните грижи кои ви поминуваат низ глава.
Дали е пр

Пронајдете не на следниве мрежи: