Сите знаеме дека хемиските средства се најделотворни во борбата против мравки, но се штетни за околината, луѓето и домашните миленичиња. Подобро е да одберете некое еколошко решение.Мравките во кујната, на терасата, во ходникот? Барем еднаш во животот сте се сретнале со колона која сигурно ве намачила. Еве совети како да се ослободите од нив и тоа на еколошки прифатлив начин.
Мравките ги привлекуваат остатоците од храна во кантата за отпадоци, ронките на подот, валканите садови. Исто така ги привлекуваат мириси, но можат и да ги одвратат. Посебно мирисот од еукалиптус.
Помешајте 5мл масло од чајно дрво, 5мл еукалиптус и 20мл етил алкохол. Ќе добиете 100 процентен природен и делотворен „парфем“ за отстранување на мравки. Попрскајте го нивниот „пат“ и аглите каде најчесто ги гледате. Добредојдена е и мешавина од сода бикарбона, шеќер и квасец.
Шеќерот ќе ги привлече, а содата и квасецот ќе ги елиминираат. Добар трик е и отворена тегличка со мед поставена на стратешки места- така мравките ќе се заглават во медот.Мравките во кујната, на терасата, во ходникот? Барем еднаш во животот сте се сретнале со колона која сигурно ве намачила. Еве совети како да се осл



