Имате ново момче и не сте сигурни што да му напишете на новото во пораката? Ви препорачуваме неколку идеални пораки за на почеток. Користете пораки за да договорите состанок. Пораките се одлични за договарање состаноци бидејќи во случај да го заборавите датумот и местото треба само да погледнете во телефонот.
Јавете му се пред конечниот состанок. Ако само сте се допишувале, можеби ќе се чувствувате малку чудно кога ќе го видите во живо. Искористете брз повик пред да излезете и кажете му дека ќе касните неколку минути. Ова е можност да му го слушнете гласот.
Одговорете на пораката кога ќе посакате – заборавете на правилата. Ако сте на вечера со пријателките или пак на состанок, немојте да се прекинувате за да одговорите на пораката.
Пратете му порака пред спиење и посакајте му добра ноќ. Праќањето пораки пред спиење ќе ве зближи.
Не плашете се да го поканите да излезете. Ако допишувањето се одложи и тој не ви се јавува, не плашете се дека тој не е заинтересиран за вас. Веројатно се труди да изгледа кул и да не излезе дека е очаен по вас. Ако сакате да го видите, кажете му го тоа. Ќе ја цени вашата искреност.
Не пишувајте ништо негативно. Ако сте имале лош ден, задржете го тоа за себе.
Не поминувајте часови анализирајќи ја секоја запирка или бакнеж. Момците обично не кажуваат големи мисли во пораките, затоа не пробувајте да го разберете текстот кој нема скриено значење.
Не претерувајте со смајли знаците. Не сакате да изгледате како некоја тинејџерка. Смајли знаците се одлични, но ако пишувате нешто сериозно заборавете на нив.Користете пораки за да договорите состанок. Пораките се одлични за договарање состаноци бидејќи во случај да го заборавите датумот и местото треба