Научниците велат дека нордиската диета може да ви го подобри здравјето. Дoкажано е дека луѓето од северот немаат проблем со притисокот и срцето.Традиционалната скандинавска кујна лесно може да стане ваша нова диета. Еве неколку идеи како да јадете како Викинг додека сте дома.
Освен тоа, оваа диета помага и да ја регулирате телесната тежина.
1. Харинга
Скандинавците се луди по харинга. Таа е добар извор на витамин Д. Тие ја подготвуваат на секаков можен начин: ладна, чадена, пржена…
2. Слатко и кисело
Викинзите во своите солени и кисели јадења додавале овошје за да го зачинат вкусот. Оваа одлична комбинација веќе во самата уста ги разградува маснотиите и го забрзува варењето на храната.
3. Месо
Традиционалната скандинавска диета содржи многу протеини од месото. Сепак, со месо се служи и коренест зеленчук кој е богат со влакна и го олеснува варењето.
4. Пржено јајце
И прженото јајце е дел од диетата на Викинзите. Тие се засладувале со пржени јајца помеѓу сериите напади и грабежи. Јајцата се корисни намирници и за жените. Го ублажуваат ПМС-от, а штитат и од рак на дојката.
5. Отворен сендвич
Својот сендвич не морате да го преклопите со уште една кришка леб. Доволно е да намачкате една кришка леб со слој паштета од туна, ставете парче говедско и украсете со било кој зеленчук. Може да додадете сирење и бобесто овошје кое на северот претставува главен „зачин“.
Традиционалната скандинавска кујна лесно може да стане ваша нова диета. Еве неколку идеи како да јадете како Викинг додека сте дома.
Освен



