Носи олеснување и претставува природна алтернатива на конвенционалните капки за очи и други средства кои се користат во лечењето на очни проблеми.
Може да помогне кај следните потешкотии:
– инфекција на очите
– алергиска реакција
– воспаление на ирисот
– блефаритис (воспаление на очниот капак)
– кератитис (воспаление на рожницата)
– воспаление на веѓите
– воспаление на солзните канали
– кратковидост
– сувост или замор на очите
– иритации – дим, смог, замор на очите поради користење на компјутер
– глаукома и очен притисок
Оваа лековита билка која народната медицина ја користи веќе со столетија, има примена и во хомеопатијата.
Таа користи лек на база на видовита трева Euphrasia c30 за лечење на водестиот исцедок од очите, проследен со чувство на пецкање и болка предизвикана од силна светлина.
До подобар вид со помош на чај и облози
За лечење на сите очни проблеми, на располагање ви е свеж сок од билката или сушена видовита трева. Од свежиот сок можете да направите природни капки за очи или искористете го за облоги.
Природните капки направeте ги на следниот начин:
Свежиот сок од видовита трева разредете го со дестилирана вода и капнувајте по 2 капки во окото.
Другиот начин е припрема на чај кој ќе го користите како купка за измивање на очите или за облози.
Половина чајна лажичка сушена видовита трева прелијте ја со 2 дцл зовриена вода и оставете да отстои 1-2 минути. Процедете и со млакиот чај мијте ги очите 2-3 пати на ден. Од млакиот чај можете да направите и облоги. Оставете ги на очите околу 5 минути, додека не забележите дека облогата се исушила. Во текот на ноќта облогата може да ја оставате и подолго. Секогаш користете исклучиво свежо припремен чај. Ако имате многу чувствителни очи, чајот разредете го со зовриена, млака вода.
За лечење на потешки воспаленија, видовитата трева може да ја помешате со невен, камилица или анасон што ќе помогне во ублажување на симптомите и побрзо заздравување.
Со овој третман, за зајакнување на оптичкиот нерв, се препорачува еднаш или два пати дневно да се земе прстофат сомелена сува билка од видовитата трева, орално (можете на пр. и како додаток во супа).
Облози против јачмен
Прелијте 5 лажички од билката со 250 мл врела вода и оставете да отстои 10 минути, а потоа процедете. Процедената билка завиткајте ја во газа и ставете на јачменот. Облогата држете ја 5-7 минути. топлината ќе помогне да се исчисти јачменот и ќе го забрза заздравувањето на окото.
Чај за зајакнување на видот
Две чајни лажици сушена видовита трева прелијте со 2 дцл зовриена вода, оставете да отстои поклопено 15 минути со повремено мешање, а потоа процедете. Пијте 3 пати дневно по една шолја од чајот, секогаш свеж варен и незасладен.
Делотворна и кај други здравствени тешкотии
Иако е најпозната за лечење на болестите на очите, видовитата трева помага и при респираторни проблеми, како што се бронхитис, треска и грип. Ги ублажува болките во желудникот и ги намалува проблемите со варењето.
Позитивно делува и при главоболка и несоница.
Малку е познато лековитото делување на видовитата трева кај труење од никотин или алкохол, каде го ублажува влијанието на токсини во телото.
Напомена
Видовитата трева не смее да се зема во преголеми количини, според тоа е важно да се држите до препорачаните дози и совети за припрема. Кај потешки болести секако пред консумирање треба да се посоветувате со лекар или фармацевт.
Орално земање на видовита трева би требало да избегнуваат трудници, доилки, лица со компликации на жолчката, со акутен чир на желудник и со болести на црниот дроб.