Имате впечаток дека „ви мачкаат очи“? Станете ДЕТЕКТОР ЗА ЛАГА со овие неколку практични совети!

Зошто луѓето лажат? Доктор Леонард Сакс, експерт зa полиграфи и професор по психологија на Универзитетот Брандејс, вели дека во денешно време, прaктично е невозможно да помине еден ден, а некој да не излаже за нешто. Ова го потврдуваат и неколку истражувања.Психолозите од Универзитетот Вирџинија, сакале да ја потврдат теоријата на Ниче дека лажењето е начин на живот. Направиле студија со 147 испитаници на различна возраст (помеѓу 18 и 71 години) и од нив побарале да водат дневник за своите лаги.
Во период од една недела, испитаниците ја запишувале и најмалата невистина којашто ја изговориле. Резултатите биле изненадувачки: секој од нив изустил лага барем два пати дневно!
Кон невистините подеднакво се склони и мажите и жените. Конкретно, студентите ги лажат родителите во секој втор разговор. Притоа, тука не се мисли на безизлените лаги како што се „сѐ е во ред“ или „добро сум“, туку за лаги кои свесно оставаат погрешен впечаток за мислењето или состојбата во која се наоѓаат.
Дали е можно да се „прочита“ лагата?
Мајсторите на заблудата се тешко препознатливи. Според нив се создадени оние ликови во филмовите, за кои детекторот на лагата е детска игра. Меѓутоа, обичните луѓе често се издаваат.
Еве неколку совети како да препознаете кога некој не е искрен со вас.
Обрнете внимание на пет работи: рацете, очите, допирањето на лицето, гласот и ставот.

Раце
Личноста која нешто крие, често несвесно ги држи рацете во џебовите. Исто така, скриениот бес најчесто се препознава по собирањето на дланките во вид на тупаница. Затоа, секогаш верувајте ѝ на личноста која ви се обраќа со отворени раце.
Очи
Доколку соговорникот не ве гледа во очи, тогаш сигурно нешто крие од вас. Погледот надесно ја издава желбата на соговорникот да се присети на нешто, а погледот налево значи дека смислува лага. Гледањето надоле е знак дека сака да скрие некој детаљ од вас.
Допирање на лицето
Личноста што изговара лаги е склона да си ги допира усните. Исто така, лажењето го зголемува лачењето на адреналин, поради што се шират и крвните садови во носто, па носот почнува да чеша. Ако соговорникот кивне – веројатно е дека воопшто и не ја кажува вистината.
Глас
Лагата може да се слушне: гласот станува пискав, во говорот се појавуваат мноштво непотребни детали, се повторуваат и цели реченици, личноста забавено зборува и како да одолговлекува.
Став
Потењето се јавува кога некој лаже, а тоа создава непријатност. Ако соговорникот поцрвени, изгледа како да „голта кнедли“ или претерано го трие вратот, значи дека нешто крие од вас. Од друга страна ставот на суперхерој (со раце на половината или колковите), значи дека соговорникот ве слуша, заинтересиран е и сака да ви помогне.
Напомена: Не заборавајте овие трикови за откривање на невистината да ги „споите“ со соодветното подобрување на сопствената личност и применетите знаења. Тогаш, светот ќе ви биде на дланка.Психолозите од Универзитетот Вирџинија, сакале да ја потврдат теоријата на Ниче дека лажењето е начин на

Пронајдете не на следниве мрежи: