Би сакала попрво да ме убиеше отколку тоа што ми го направи. Не може да се опише со зборови стравот во човека – кога е ноќ, кога е под оружје, не знаеш ни кој е ни што, те тера да се соблечеш. Ме соблече и ме силуваше“, раскажува 64- годишната Х.М. потстувајќи се на јули 1995 година во Сребреница.И после 19 години, ја прогонуваа оваа ноќ, полна со неизвесности и страдање. Тогаш имала 45 години, а момчето кое ја силувало имало околу 20. Се што знае за него е тоа дека бил воен полицаец.
Х.М. рекла дека, откако српските сили ја зазеле Сребреница, војниците ја одвеле нејзе и нејзиниот повреден сопруг заедно со други болни и ранети луѓе, до куќата во која живееле извесни Саво кондураџијата и Сулејман.
Втората ноќ во куќата, ја опдвел на спрат , ја турнал во соба, а потоа ја фрлил на душек, спуштајќи ја пушката покрај себе.
„Ме натера да се соблечам. Плачев и го молев да не го прави тоа. Тој ми изгледаше како да има 20 години. Му велев дека сум стара жена и можам да му бидам мајка… Чувствуваш гадост, одбивност. Да имав некоја сила, сигурно би го убила. Ме понижи мене, мојот сопруг… тој не гази нас, ја гази нашата личност….“ вели Х.М.
Раскажува како ја терал орално да го задоволува, и дека подоцна почнала да повраќа.
Откако се облекла и излегла од собата во која била силувана, забележала дека истиот воен полицаец го води нејзиниот сопруг. Меѓутоа, друг војник го препознал и рекол да не го задева, бидејќи е добар човек.
Момчето кое ја силувало, како што вели, подоцна силувал старица која нејзе можела да и биде мајка.
За она што го доживеала и видела дала изјава во полицијата во Тузла, 20 дена по излегувањето од Сребреница.
„Преживеав страв, протерана сум од своето место, силувана сум, го поведе мојот човек за да го заколе… Зошто да молчам? Во Сребреница немаше само убиства на мажи, туку и силувања на жени. Слушнав дека има девојки кои биле силувани и убиени“, вели Х.М.
Таа смета дека сеуште не е „излечена“ од она што го преживееала во Сребреница.
„Тоа е болка, дамка која ќе остане можеби додека сум жива “, вели Х.М. И после 19 години, ја прогонуваа оваа ноќ, полна со неизвесности и страдање. Тогаш имала 45 години, а момчето кое ја силувало имало околу 20. Се шт


