Имав само 14 години: „Се соблече гол и рече дека го потсетувам на неговата внука“

Денес среќна 36 –годишна жена, на 14 години станала жртва на трговија со луѓе. Соништата за кариера во манекенските води многу брзо се распрснале.Холи Остин Смит сега има 36 години. Таа е среќно мажена и има деца, но на нејзини 14 години, нејзиното детство ненадејно било прекинато.
Во една од нејзините посети на трговски центар во Њу Џерси , таа се сретнала Грег. Еден човек со кого таа поминала неколку недели во долги телефонски разговори, а тој постојано и зборел за тоа колку е таа убава, паметна и зрела. Сето тоа што тогаш 14 –годишната Холи, сакала да го слушнепишува Daily Mail.
” Тој ми кажуваше работи поради кои се чувствував добро. Тој ми рече дека сум доволно убава за да се занимавам со манекенство. Ми го опишуваше гламурозниот животкој би  можела да го имам “, вели Холи.
По само две недели разговори и дружење таа одлучила да побегне со него. Но , работите се промениле со брзина на светлината. Никогаш никој не го изговори зборот “проституција “, но тоа како да лебдеше во воздухот “, вели Холи.
Одеднаш се нашла во Атлантик Сити. Кога и се приближил првиот маж немслс поим што се случува. Како 14 –годишно дете дури и не можела да замисли што се вклучува поимот проституција. Првата вечер завршила со еден постар човек. Таа му кажала дека тоа е нејзината прва ноќ на работа, а тој на ова и одговорил дека е почестен.
“Ја соблече облеката, ги остави само чорапите на нозете. Го гледав неговото  збрчкано тело. Продолжи да ми се смешка и рече дека го потсетувам на неговата внука,” раскажува Холи.

 
Ја спасил еден полицаец кој ја забележал на улицата и ја прашал дали е полнолетна. Најпрво се држела до приказната која и ја кажал Грег и одговорила дека е полнолетна, но како полицаецот си заминувал, таа викнала по  него : “А што ако немам 18 години? ” Полицаецот  потоа ја вратил кај родителите.
Холи сега е многу активна кога станува збор за јавната свест кај луѓето за трговијата со луѓе, и за таа цел напишала книга “Walking Prey“.Холи Остин Смит сега има 36 години. Таа е среќно мажена и има деца, но на нејзини 14 години, нејзиното детство ненадејно било прекинато.
Во

Пронајдете не на следниве мрежи: