Имав секс во 3-ка со сосетката и нејзиниот сопруг, а потоа животот ми се преврти НАОПАКУ

Исповедта на овој самохран татко чија сопруга го напуштила поради друг маж, претставува доказ дека можеби е подобро два пати да размислите пред да експериментирате во сексот, бидејќи никогаш не знаете што може да дознаете за себе.Еден анонимен маж ја испрати својата исповед на колумнистката листа на Sun, Дидри, во надеж дека таа ќе му помогне да ја освести својата сексуалност.
Ова е неговата приказна:
– Драга Дидри, имав тројка со сосетката и нејзиниот сопруг. Беше прекрасно, но се случи нешто што не очекував. Иако сосеткате е многу згодна и привлечна, секси риба, мене посебно ме воодушеви нејзиниот сопруг.
Откако пред 3 години сопругата ме остави поради друг маж, јас сум самохран татко на два сина, кои имаат 11 и 13 години. Јас имам 38.
Многу бев депресивен, а единствена утеха ми беше со 34-годишниот сосед еднаш во неделата да одам на пијалак, каде му кукав за неговиот живот. Тој е оженет човек и има две мали ќерки.
Еден ден ме повика кај нив на вечера, а тука покрај неговата сопруга (33), требаше да биде и уште една девојка со која сакаа да ме спојат.
Сите бевме весели освен  таа девојка. Додека ние лудо се забавувавме, на неа и беше досадно, па негде околу 10 се собра и си отиде дома.
Кога ние тројца останавме сами, мојот другар извади виски и почнавме да флертуваме.
Во еден момент сосетката предложи сите тројца да одиме во спална и да имаме секс. Беше нереално некако!
Меѓутоа од тој момент, јас не можам од глава да го исфрлам неговото голо тело. Никогаш порано не ми се допаднал ниту еден маж. Сакав да му ги признаам моите чувства, но не знам како. Дали тој би ја оставил сопругата поради мене? – се прашува овој збунет човек.

 
А еве што го советуваше Дидри:
– Се сомневам дека тој би си го растурил своето семејство. Меѓу останатото што би било со твоите и со неговите деца во тој случај? Мене ми се чини дека алкохолот малку ви го поматил умот, па не си способен рационално да размислуваш.
Сосема е можно начинот на кој жена ти те оставила да влијаело на тоа да не ни  размислуваш за жените,а кмоли пак да чувствуваш нешто кон некоја од нив. Меѓутоа ако досега не си се идентификувал како геј, мислам дека би требало добро да размислиш за се, пред својот живот да го промениш од корен.
Обрати се до здруженијата за помош на ЛГБТ, каде ќе те посоветуваат во врска со  тоа да се прифатиш себе си, ако навистина си бисексуалец.
Немој веќе да одиш по кафеани и да кукаш дека ти оди лошо во животот, туку оди на некои нормални места каде ќе запознаваш нови луѓе. Се уште не е доцна да пронајдеш љубов, но онаа која ќе биде вистинска и само твоја – му напиша Дидри.Еден анонимен маж ја испрати својата исповед на колумнистката листа на Sun, Дидри, во надеж дека таа ќе му помогне да ја освести својата сексуалнос

Пронајдете не на следниве мрежи: