Несреќна жена изгубила секаква надеж и била на работ на депресија, бидејќи единствена желба и била да роди дете. Ќе ве запрепасти она што ѝ се случило.Жените, кои го изгубиле бебето, во првиот период минуваат низ одреден вид шок и не се сигурни ниту во своите чувства, ниту запазувања. Една Британка која минала низ ова искуство, дури мислела дека е луда, бидејќи чувствувала дека ѝ расте стомакот.
Сејди (32) и Гери Бритл (36) биле пресреќни кога дознале дека ќе добија уште едно дете. Веќе ја имаат ќерката Самер и сакале уште едно дете.
По редовните контроли, откриено е дека се работи за вонматерична бременост.
„Направени ми се детали тестови и се упатив на работа, каде набрзо ми се слоши. Губев свест кога дојде итната помош да ме превезе во болница. Направена ми е операција и чистење на јајцеводите, бидејќи констатирале дека плодот предизвикува сепса“, вели Сејди.
„Бев во осмата недела од бременоста кога го изгубив бебето. Тоа што ја преживеав операцијата , повеќе не ми беше важно“, се присетува таа.
Морала да се собере поради својата ќерка и затоа одлучила целото семејство да замине на одмор и едни на други да си бидат поддршка.
За време на одморот забележала дека се здебелува и чувствувала малаксаност. Направила тест за бременост, кој бил позитивен.
Бидејќи било невозможно да остане бремена во меѓувреме, се сомневала дека се работи само за пореметени хормони поради се случило претходно.
„Се јавив во болницата и се консултирав со бабица. Таа верувала дека се работи само за заостанати клетки по операцијата, на кои им е потребно време за природно да се одстранат од оргаизмот“, вели Сејди.
По враќањето од одморот, отишла во болница на детален преглед. Докторот бил во неверување кога слушнал отчукување на срце на бебе.
„итно ме пратија на скеер, каде беше потврдено дека сум во 19-та недела од бременоста. Докторите констатираа дека се работи за хетеротопична бременост“.
Ваков вид на бремености се јавува еднаш од 30,000 случаи, кога се работи за природно зачнување. Имено, се работи за создавање на два ембриона, од кои едниот е во мтката, а другиот во јајцеводот.
Бидејќи на животот на Сејди ѝ бил загрозен, докторите се фокусирале на санирање на последиците од вонматеричната бременост, па направиле снимање само на тој дел од гениталиите.
За целото тоа време, заборавениот ембрион се развивал нормално во нејзината матка и покрај сите трауми.
„Доволно е сознанието дека ова се случува еднаш на 30,000 случаи за да ви биде јасно дека тоа е вистинско чудо. Теди е близнак на нашето изгубено бебе и затоа неговиот живот е уште посимболичен“, изјавил Гери.
„Нашата ќерка дефинитивно го знаеше тоа што ние не го насетувавме. На одмор во една продавница рече дека треба да купиме млеко за бебе“, вели гордиот татко.
Вонматеричната бременост е се почеста појава, а многумина само слушнале за неа, но не знаат како настанува таа. Погледнете го објаснувањето.Жените, кои го изгубиле бебето, во првиот период минуваат низ одреден вид шок и не се сигурни ниту во своите чувства, ниту запазувања.